Бојан Зајиќ | |||
---|---|---|---|
Бојан Зајиќ | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 17 јуни 1980 | ||
Роден во | Крушевац, СР Србија, СФРЈ | ||
Висина | 1,86 | ||
Позиција | везен | ||
Репрезентација | |||
Години | Екипа | Натп.† | (Гол.)† |
1984–1991 | Србија | (2) |
Бојан Зајиќ (Крушевац, 17 јуни 1980) — поранешен српски фудбалер.
Првите фудбалски чекори ги направил во крушевачкиот Напредак, каде на 18 години дебитирал за прв тим. Кариерата ја продолжува во белградскиот Обилиќ (2001–06) и во дресот на „витезите“ со Врачара бележи 109 прволигашки натпревари на кои постигнал 10 голови.
По финансиските и резултатските кризи на Обилиќ, станува член на второлигашите ФК БАСК со Царева Ќуприје (2006) каде повторно го свртува вниманието на себе и после само една полусезона станува член на Партизан.[1]
Во ноември 2007 година го потпишал трогодишниот договор со норвешкиот Валеренге, во кој претходните три месеци ги провел на позајмици. Со добрите игри во Норвешка за само неколку месеци станал миленик на навивачите на Валеренге и кариерата дефинитивно ја продолжил во клубот од Осло.
Во Норвешка настапувал уште и за Сарпсборг 08 (2014–15) и Санднес Улф (2016–17).
Забележил два настапи за репрезентацијата на Србија, на Кирин купот против Словачка (2:0) во април 2004 година, и на 14 декември 2008 година против Полска (0:1) во Белек.