Бранислав Којиќ

Бранислав Којиќ, (Смедерево, 24. V 1899- Белград, 1987) дипломирал на Централната школа за уметност и ракотворби во Париз во 1921 година. Од 1921 до 1928 години работел во Министерството за градежништво во Белград. Од 1928 година, до завршувањето на својот активен работен стаж во 1968 година бил наставник на Архитектонскиот факултет во Белград, каде што го предавал предметот Проектирање на стопански и индустриски објекти. Меѓу првите ја проучувал народната архитектура на селскиот и градскиот тип. Значајни биле неговите истражувања во областа на руризмот. Учествувал на повеќе архитектонски конкурси, на кои освоил 5 први награди, а една меѓу нив била и за студентскиот дом во Скопје (1935). Во 1929 година изработил конкурсен проект за реконструкција на плоштадот „ Крал Петар“ ( денешен плоштад Македонија) во Скопје, а во 1930 година го изработил проектот за реконструкција на црквата Св. Спас во Скопје, кој не се реализирал. Во 1931 година учествувал на анонимниот архитектонски конкурс за железничката станица во Скопје. Во почетниот период на творештвото на неговите објекти е присутен фолклоризмот, додека подоцна се забележуваат влијанија од модерната тековна архитектура.

Уметнички павилјон Цвиета Зузориќ

Според неговите проекти биле изведени следниве објекти:

  • 1929- Хируршко- гинеколошкиот павилјон во Скопје;
  • 1930- Поединечната семејна куќа (Сут+ П+ 1) на Ховсеп Бојаџин, на улица „ Кнез Арсен“ („ 27 март“), бр. 13, во Скопје;
  • 1930- Студентскиот дом во Скопје;
  • 1931- Печатницата „ Немања“ во Скопје (делумно реализирана);
  • 1931- Основното училиште „ Цар Душан“ („ Гоце Делчев“) во Скопје;
  • 1931- Основното училиште „ Ѓура Јакшиќ“ во Скопје;
  • 1931- Интернатот за средношколци во Скопје;
  • 1937- Женската гимназија во Скопје;

(Сите наведени објекти биле разурнати во катастрофалниот земјотрес во 1963).[1]

  1. 1930-, Konstantinovski, Georgi (2001–2004). Graditelite vo Makedonija : XVIII-XX vek. Skopje: Tabernakul. ISBN 9989647887. OCLC 61705022.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) CS1-одржување: датумски формат (link)