Брантсфилд Линкс (англ. Bruntsfield Links) е парк од 35 акри во Брантсфилд, Единбург, веднаш југозападно од Ливадите.
За разлика од Ливадите, кои некогаш биле лох, Брантсфилд Линкс бил отсекогаш сув. Ова е последниот остаток од Бург Мур, некогашен шумовит предел.
Зборот „линкс“ доаѓа од шкотскиот јазик и насекаде се користи за земјиштето на кое се игра голф.
Брантсфилд Линкс е веројатно меѓу првите голф терени во светот, во град каде денес има 21 терен за голф. Не е познато кога голфот за првпат се одиграл во Единбург, но првиот указ со кој се забранува негово играње е издаден во 1457.
Тука стои еден натпис подигнат од општината кој укажува на тоа дека е можно играта голф да била измислена и за првпат одиграна во Брантсфилд Линкс.