Брацо Димитријевиќ Braco Dimitrijević | |
---|---|
Роден(а) | Брацо Димитријевиќ 18 јуни 1948 Сараево, СР Босна и Херцеговина, Социјалистичка Федеративна Република Југославија |
Националност | BБосанец |
Образование | ликовна академија, Загреб Уметничка школа на Свети Мартин, Лондон |
Правец | Концептуална уметност |
Мреж. место | www.bracodimitrijevic.com |
Брацо Димитријевиќ (роден на 18 јуни 1948 година) е босански концептуален уметник. Неговите дела главно се занимаваат со историјата и местото на поединецот во неа. Живее и работи во Париз, Франција.[1].
Изложувал на меѓународен план од 1970-тите, вклучително и во Галеријата Тејт во 1985 година. Учествувал и наВенециско биенале (1976, 1982, 1990 , 1993 и 2009 година). Неговите дела се чуваат во колекцијата на Тејт галерија, МоМА Музеј на модерна уметност Њујорк и на Центар Помпиду и други.
Брацо Димитријевиќ е роден на 18 јуни 1948 година во Сараево, Босна и Херцеговина, ФБР Југославија. Неговиот татко бил сликар Војо Димитријевиќ, еден од најпознатите модерни уметници во Југославија. Почнал да слика на 5-годишна возраст и беше претставен во ТВ-емисија со наслов „Филмске новости“ (Филмски вести) во 1957 година. Неговото прво идејно дело датира од 1963 година. Продолжи да студира на Ликовна академија во Загреб, каде што дипломирал во 1971 година. Потоа студираше на Уметничката школа на Свети Мартин во Лондон од 1971 до 1973 година. Во 1976 година, тој ја напишал „Tractatus Post Historicus“, што ја формира теоретската основа на неговата рана работа.
Во 1970-тите, Димитријевиќ го привлекол вниманието кога ја започна својата серија „Обичен минувач“. Во делото се прикажани многу големи портрети на секојдневни луѓе, закачени на згради и билборди во различни градови во Европа и Америка. Потоа продолжи да создава спомен-плочи во чест на другите луѓе што ги запознал. За оној што тој го направи за колекцијата „[Terrae Motus]“ на Лусио Амелио terremotus / terremotus.html | title = Terrae Motus виртуелна изложба}}</ref> тој изјавил: „Го запрев првиот човек што го видов на улица, му објаснив што е мојата работа и потоа го замолив да биде модел за слика "[2].
Неговото творештво од 80-тите години на минатиот век, било создавање на дела со мотиви од животни, направил изложба во 1998 година во зоолошката градина во Париз , која ја посетиле над милион луѓе.
Неговите инсталации на „Триптихон Пост Хисторикус“ содржат слики од стари или модерни мајстори заедно со предмети од секојдневиеето. Од овој вид создал повеќе од 500 од овие инсталации . Контроверзии се појавија кога еден човек кој ја посети изложбата на Тејт сфати дека предметните слики не се копии, туку оригиналите и го пријавија тоа на Тајмс кој потоа напиѓал за тоа[3]..