Брокпански јазик | |
---|---|
Bjokha | |
Застапен во | Бутан |
Говорници | 5,000 (2006) |
Јазично семејство | |
Писмо | тибетско писмо |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | sgt |
Брокпанскиот (ѕонгка: དྲོཀ་པ་ཁ་; Вајли: Drok-pa-kha), познат и како дакпански, дамилоански, дапски, џобикански и сантенгпански (меѓу другите), е тибетски јазик од поголемото јазично семејство на синотибетски јазици. Јазикот го зборуваат околу 5.000 луѓе во Бутан, поточно во Мерак Гевог и Сактен Гевог во источниот дел на државата.[1][2]