Бромодомен | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() Лента дијаграм на GCN5 бромодомен од Saccharomyces cerevisiae, обоен од сино (N-терминал) до црвено (C-терминал).[1] | |||||||||
Назнаки | |||||||||
Симбол | Бромодомен | ||||||||
Pfam | PF00439 | ||||||||
InterPro | IPR001487 | ||||||||
SMART | SM00297 | ||||||||
PROSITE | PDOC00550 | ||||||||
SCOP | 1b91 | ||||||||
SUPERFAMILY | 1b91 | ||||||||
CDD | cd04369 | ||||||||
|
Бромодомен е белковински домен од околу 110 аминокиселински остатоци, кој ги препознава ацетилираните лизински остатоци, како што се оние на N-терминалните опашки на хистоните. Бромодомените, како „читачи“ на лизинската ацетилација, се одговорни за пренос на сигналот кој го носат ацетилираните лизински остатоци и негово преведување во различни нормални или абнормални фенотипови.[2] Нивниот афинитет е поголем за региони каде постојат повеќе места за ацетилација во близина. Ова препознавање често е предуслов за асоцијацијата помеѓу белковината и хистонот и ремоделирање на хроматинот. Овој домен има исклучиво-алфа белковински склоп, поточно сноп од четири алфа-завојницаа, од кои секој е одделен со петелка со варијабилна должина, кои формираат хидрофобен џеб кој го препознава ацетил лизинот.[3]
Бромодоменот бил идентификуван како нов структурен мотив од Џон В. Тамкун и неговите колеги, кои го проучувале Brahma/brm генот на Drosophila и покажале сличност во низата со гените вклучени во транскрипционата активација.[4] Името „бромодомен“ е изведен од името на генот Brahma, а не е поврзано со хемискиот елемент бром.
Белковините кои содржат бромодомен можат да имаат широк спектар на функции, од хистонска ацетилтрансферазна активност и хроматинско ремоделирање до посредство во транскрипцијата и коактивација. Од 43 познати белковини кои содржат бромодомен во 2015 година, 11 имаат два бромодомена, а еден има 6 бромодомена.[2] Подготовката, биохемиската анализа и структурното определување на белковините кои содржат бромодомени се детално опишани.[5]
Еден добро познат пример за фамилија на бромодомени е фамилијата BET (од анг. Bromodomain and extraterminal domain). Членови на оваа фамилија се BRD2, BRD3, BRD4 и BRDT.
Сепак, белковините како ASH1L, исто така, содржат бромодомен. Дисфункцијата на BRD белковините е поврзана со болести како што се карцином на сквамозни клетки и други форми на рак.[6] Хистонските ацетилтрансферази, вклучувајќи ги EP300 и PCAF, покрај ацетил-трансферазни домени имаат и бромодомени.[7][8][9]
Не се сметаат за дел од BET фамилијата (но сепак содржат бромодомен) се BRD7 и BRD9.