Ваан Ховханеси Тотовенц (ерменски: Վահան Թոթովենց; 1 септември 1889 - 18 јули 1938)[1] — ерменски писател, поет и активист.
Ваан Тотовенц е роден во градот Мезире, во провинција на Карберд (денешна Турција). Тој живеел во Ерменија и во Истанбул, а студирал на Висконсинскиот универзитет во САД, каде дипломирал во 1915 година. Во текот на Првата светска војна бил волонтер на Кавказискиот фронт и работел како секретар на Андраник Озанијан.
По 1922 година живеел во Ереван, Советска Ерменија. Во 1938 година, Тотовенц станал жртва на Сталинизмот.[2]
Делата на Тотовенц биле објавувани од 1907 година. Тој е автор на Доктор Бурбониан (1918 г.), Баталјон на смртта (1923 г.), Њујорк (1927 г.), Баку (1930-34 г.), Џонатан, син на Еремија, романи, раскази и драми. Тој имал големо влијание на ерменската литература, посебно со неговите дела Живот на стариот римски пат, автобиографскиот роман Парче од небото[3] од 1930 година, кој бил адаптиран во филм од страна на Хенрик Малиан. Неговите дела се одраз на општеството, културата и обичаите не само на Ерменците од неговото детство, но, исто така, и на нивните соседи во периодот кога Отоманското Царство била пред пропаст.[4]
Неговите дела се преведени на руски, англиски, француски, бугарски и турски јазик.