Василије Петровиќ Његош | |||||
---|---|---|---|---|---|
архимандрит и владика на Црна Гора | |||||
На престол | 1750-1766 [белешка 1] | ||||
Претходник | Сава Петровиќ Његош | ||||
Наследник | Сава Петровиќ Његош | ||||
| |||||
Династија | Петровиќ-Његош |
Василије Петровиќ Његош (Црна Гора, 1709 — Санкт Петербург, 10 март 1766) бил владетел и црногорски митрополит (1750 — 1766). Владеел заедно со Сава Петровиќ Његош. Тој е творец на првата домашна историја за Црна Гора, а со својата дејност усшеал да ги прошири и продлабочи врските со Руската Империја. Василије ја продолжил борбата против Османлиите, надевајќи се на помош од Руската Империја и Хабсбуршката монархија. Тој во голема мера е заслужен за проширување на култот кон Русија меѓу Црногорците.
По Пожаревачкиот мир од 1718 година, Венецијанската Република започнала нова политика кон Османлиите. Венецијанците се стремеле да имаат добри односи со Високата порта, оваа политика влијалела и врз односите на Венецијанците со Црногорците, Венецијанската Република се стремела да ја ослаби борбата на Црна Гора против Османлиското Царство. Нивен поддржувач во Црна Гора бил владиката Сава Петровиќ Његош, кој имал мало влијание меѓу Црногорците. Меѓутоа, Василије многу јасно ја рабрал положбата на Црна Гора и нејзините политички потреби.
Првите негови политички чекори биле насочени кон ослабување на позициите на владиката Сава и преземање на мерки за сопствено издигнување. Во 1744 година, додека владиката Сава се наоѓал во Русија, Василије заминал за Венеција, каде што со фалсификувани печати на црногорските старешни се обидел да стекне корист за себе. Поради овој чекор Василије дошол во судир со владиката Сава по неговото враќање во Црна Гора, меѓутоа двајцата набргу се смириле, а Василије станал негов помошник.
Влијанието на Василије во Црна Гора многу бргу растело и тој станал прва личност во сите главни политички и културни случувања. Во 1749 година, архимандритот Василије добил задача од страна на патријархот Атанасиј да ги врати црковните работи драгоцености на пеќската патријаршија кој се наоѓале уште од 1737 година во Црна Гора. Задачата успешно ја извршил во Виена, а од таму се упатил во Белград каде што од страна на патријархот Атансиј во 1750 година бил хиротонисан за владика. Следната година, преку Виена се вратил во Црна Гора. Додека престојувал во престолнината на Хабсбуршката монархија, без знаење и одобрување на црногорските старешини и општото црногорско собрание, побарал од Марија Терезија - Црна Гора да стане хабсбуршки протекторат, но неговото барање не било прифатено.
Василије на многу јасен начин ги согледал основните проблеми на Црна Гора. Тој се стремел со поддршка на Хабсбуршката монархија или Руското царство да создаде цврста и трајна врска помеѓу црногорските племиња, а со својата дејност владиката Василије од племенската црногорска средина се нашол во европската политика на XVIII век.
Во 1752 година, Василије пристигнал во Русија каде што останал две години. Во текот на својот престој во Москава и Санкт Петербург воспоставил врски со истакнати личности од руското општество и на дневен ред поставил голем број на прашања од руско-црногорските односи. Василије побарал Црна Гора да стане протекторат на рускиот двор, а во претставката до грофот Бестужев од 22 април 1753 година, побарал Црногорскиот принципат да биде вклучен во титулата на рускиот цар. Меѓутоа, руската влада ги одбила неговите предлозите. Василије не ја прекинал својата активност, продолжил со пишување на писма и мемеорандуми, а посетил и одреден број на истакнати руски личности.
За да ја запознае руската јавност со политичките и општетсвените случувања во Црна Гора, во 1754 година го напишал своето дело Кратка историја на Црна Горе (руски: Кратка историја о Черној Гори). Во делото, Василије не водел сметка за историските факти, всушност тоа било историско-политички мемоар преку кои владиката сакал да ги постигне својте политички цели. Мемоар во Црна Гора извршил силно влијани меѓу Црногорците во развивањето на свеста за вековната борба против Османлиите под водството на цетињските владици. Во Кратката историја на Црна Горе за првпат биле истакнати заслугите на куќата Петровиќ-Његош, што подоцна придонело кон јакнење на монархистичките претензи на цетињските владици.
Од руска страна, Василије бил известен за српската преселба од Банат во Русија и започнал преговори за формирање на еден посебен црногорски полк кој требало да биде во руска служба. Русите го прифатиле предлогот и биле преземени конкретни чекори за негово остварување. Откако од руска страна, му биле поклонети црковни книги и финансиска помош во висина од 5 000 рубљи за Цетињскиот манастир, во 1754 година владиката се вратил во својата татковина.
Додека Василије се наоѓал во Русија, босанскиот везир Хаџи Мехмед Паша со својата војска дошол во Гацко за да ги казни непокорните Црногорци. Митрополитот Сава, гувернадурот Стано Радоњиќ и останатаите старешини, за да го избегнат османлискиот напад, се согласиле да го платат харачот. Меѓутоа, Василије по враќањето во Црна Гора ги поматил нивните сметки и ги потикнал Црногорците да го отфрлат договорот [1]. Истовремено, Василије започнал агитација против Венецијанската Република. Оваа активност на Василије, предивикала противдејствија на Венецијанците и Османлиите. Венецијанската Република ја блокирале Црна Гора и донеле одлука за труење на владиката. Василије се спасил од Венецијанците, меѓутоа Црна Гора не го избегнала османлискиот напад. Високата порта подготвила казнена експедиција во јачина од 40 000 луѓе. Во 1757 година, Црногорците во Никшиќ биле принудени да потпишат примирје со кое се обврзале да го платат харачот, да ја прекратат својата ајдучка дејност и да не примаат странски емисари.
Василије ја напутил Црна Гора и најпрво се засолнил во Риека, а од таму испартил писма до руските владеачки кругови за помош. Исто така тој се обидел да ја изврши договорената преселба на црногорскиот полк, но бил спречен од Венецијанците. За да ги претстави лично потребите на Црна Гора и за да информира за неуспешниот обид за префрлање на полкот, Василије по вторпат заминал за Русија. При оваа посета, Василије не бил сам, со него бил гувернадурот Станислав Вуколајев Радоњиќ и други црногорски старешини [2]. Црногорскта делегација во 1759 година пристигнала во Русија и повторно било побарано протекторат и финасиска помош. Во Русија дошло до отворен судир помеѓу Васлије и гуверенадурот за првенството пред рускиот двор, но Василије излегол како победник.
Руските добиле информаци кој не биле погодни за Василије, а руската влада имала недоверба кон него. Руската влада решила да испрати свој претставник во Црна Гора - полковникот Пучов, кој добил задача да однесе финансиска помош во висина од 15 000 рубљи и да ја проучи сосотојбата во Црна Гора. Во есента 1759 година, рускиот претставник престојувал во Црна Гора и испратил до рускиот двор опширен извештај за црногорските состојби.
По неуспешната мисија во Русија, Василије се вратил во Црна Гора и започнал активност за подобрување на политичките односи со Османлиите и Венецијанската Република. Во 1761 година, бил потврден мирот кој бил склучен помеѓу Црна Гора и Херцговина во траење од три години и бил продолжен за уште три. Со потврдувањето на мирот, Василије скала да добие време за да може да ја продолжи својата меѓународна дипломатска активност. За да го подобри својот углед и положбата на Црна Гора, решил по третпат да замине за Санкт Петербург во 1765 година.
Во текот на оваа посета, Василије се разболел и на 21 март 1766 година умрел во престолнината на Руското царство. Таму бил погребан на државен трошок.
Верските, културните и политичките врски на Црна Гора со Руското царство ја потикнале идејата на Василије, преку борбата на Црногорците да се ослободат сите средновековните српски области. Тој во 1763 година, покренал план за обединување на сите српски територии, неговата идеја била заоснована врз традициите за Душановото царство кое било негувано од страна на Пеќската патријаршија и цетинската митрополија, меѓутоа неговиот план немал политичка основа за реализирање.
Иако неговите планови не биле реални, сепак тие одиграле позитивна улога. Василије ја потикнал и распламтил ослободителната борба на Црногорците и придонел за морално-политичката соработка помеѓу црногорските племиња, Василије бил првиот Црногорец кој ја разбил традиционалната соработка со Венецијанската Република и се стремел да го отстрани нејзиното влијание меѓу Црногорците.
Со своите чести патувања во Русија и добиената финансиска и морлана поддршка, владиката Василије придонел за култот кон Русија меѓу Црногорците. Веќе во негово време, врските помеѓу Русија и Црна Гора станале традиционални, а Црногорците политички и материјално целосно се потпреле врз Руското царство.
Финансиската помош на рускиот двор, му овозможиле на Цетињскиот манстир до 60-те години на XVIII век, да ги засили своите економски и политички позиции во Црна Гора, брдските племиња и православното населени во Бока Которска. Црногорските владици иако само формално биле духовни поглавари, тие и понатаму ја имале најзначајната политичка улога во животот на Црна Гора.
Покрај овие дела, познато е дека Василиј напишал две кратки истории за Црна Гора, кои останале во ракопис. Исто така, во историјата на литературата е прифатено дека неговата кореспонденција има и одреденз литературната вредност.
|