Ваџеба Сакор | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 14 април 1996 | ||
Роден во | Монровија, Либерија | ||
Висина | м | 1,83||
Позиција | Среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Волеренга | ||
Број | 16 | ||
Младинска кариера | |||
Аскер | |||
→ Розенборг | |||
Јувентус | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2015 | → Вестерло | 0 | (0) |
2016- | → Волеренга | 20 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2010 | Норвешка 15 | 2 | (0) |
2011 | Норвешка 16 | 14 | (6) |
2012 | Норвешка 17 | 5 | (1) |
2013 | Норвешка 18 | 3 | (0) |
2013- | Норвешка 19 | 7 | (1) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Ваџеба Сакор (роден на 14 април 1996) — норвешки фудбалер, играч од средниот ред на Волеренга, на заем од Јувентус.
Кариерата ја започнал во екипата на Аскер и го направил своето деби за првиот тим на 15 години со што станал најмладиот играч кој дебитирал во Втората Норвешка лига.[1] Еден ден по својот 15-ти роденден, во април 2011 година, тој потпишал професионален договор со клубот. Тој ја завршил сезоната со осум натпревари за првиот тим, шест во првенството и два во купот.
Во јануари 2013 година тој потпишал за италијанскиот клуб Јувентус. Тој бил вклучен во младинскиот Примавера состав за кој го направил своето деби на 2 март 2013 во поразот од Џенова со 1-2.