Венко Марковски | ||
![]() | ||
Роден | 5 март 1915 Скопје, Кралство Србија, денес Македонија | |
---|---|---|
Починал | 7 јануари 1988 Софија, НР Бугарија |
Вениамин Миланов Тошев (Скопје, 5 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988), познат под псевдонимот Венко Марковски — македонски и бугарски поет, академик на БАН, драмски писател[1] и еден од основоположниците на современата македонска книжевност.
Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ.
Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата „Ъ“ (ер-голем), за која тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.
Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилијата му е интернирана во Кичево.
На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 син му Миле Марковски и неговата фамилија биле протерани од Македонија во Бугарија.
Во Бугарија Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Соjузот на бугарските писатели, за член на Бугарската акадeмија на науките. Има награди: „Херој на Бугарија“, „Херој на социјалистичкиот труд“, „Георги Димитров“ и др.
Заради творештвото на бугарски јазик југословенските власти го прогласуваат за предавник на македонскиот народ. По 1975 бил обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБА.[2]
Според сведоштвото на Властимир Николовски, Венко на неговата сестра Дока во неговите претсмртни мигови, за неговата национална определба недвосмислено ѝ се обратил со зборовите:[3][4]
„ | Јас сум Македонец, Македонија е моја земја и таа ќе живее! Никаде, во ниту еден документ јас не потпишав дека сум Бугарин | “ |
Дока го потврдила ставот на Венко ѝ во нејзиниот разговор со Ѓорѓи Марјановиќ:[3][4]
„ | Никогаш тој не се изјаснил за Бугарин! Никогаш! Па тој ѝ се потсмеваше на Филимена, кога во Софија настојуваше да зборува бугарски! Што се мачиш, мори жено, зборувај си како што знаеш и умееш, велеше. | “ |
Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито, додека бил на македонска страна, и некои песни посветени на Бугарската Комунистичка Партија, откако преминал на бугарска страна.
Освен поезија, Марковски ги напишал историските книги „Преданија заветни“ (историјата на Бугарија од 681 до 9 септември 1944 година во стихови), „Крвта вода не станува“ и други. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва во 1981.
|title=
во положба 41 (help)
|