Вечна Магија | |
---|---|
Жанр | драма, теленовела, историска |
Создадена од | Елизабет Џин[1] |
Улоги | Марија Флор Малу Мадер Тиаго Лацерда Кауа Рејмонд |
Воведна тема | Nada Além, Синди Магал |
Земја на потекло | Бразил |
Првичен јазик | португалски |
Бр. на епизоди | 148 |
Производство | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Глобо |
Првично прикажување | 14 мај 2007 – 3 ноември 2007 |
Хронологија | |
Следбеник | Забранета желба (2007–2008) |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | eternamagia.globo.com |
Вечна Магија е романтична и историска бразилска теленовела. Серијата е снимана во текот на 2007 година, со 148 епизоди. Серијата не доживеа голем успех во Бразил, таа беше прикажувана во терминот за историски теленовели, во 18 часот. Првата епизода достигна гледаност од 28%. Серијата претставува продолжение на Пророк, и завршила на 2 ноември 2007 година. Нејзинот продолжение е серијата Забранета желба[2][3].
Приказната е сместена во внатрешноста на Бразил, во градот Сераниас, во 30те и 40те години од 20 век. Ева и Маријана “Нина” Суливан се потомствто од лозата вештерки Валентина. Младиот Конрадо е земјоделец кој во детството бил заљубен во Ева, но таа заминала во Ирска за да започне кариера на пијанистка, што и успева и станува светски позната. После што Ева си заминува, Конрадо се заљубува во нејзината млада сестра, Нина, која има способност да стане вештерка, и има моќ, но се плаши да ги употреби. Во Нина исто така е заљубен и Лукас, роднината на Конрадо. Ева се враќа од Ирска заради болеста на нејзиниот татко Макс, и формира љубовен триаголник. Во Макс е заљубена, добрата вештерка, Перола, која ќе и помогне на Нина да ја одржи својата врска со Конрадо. Наското во градот доаѓа и мистериозниот Флавио Фалкао, кој се заљубува во Нина, а во исто време, Ева и Конрадо се сè поблиску еден со друг.
Глумци | Ликови |
---|---|
Малу Мадер | Ева Суливан |
Тиаго Лацерда | Конрадо О’неил |
Марија Флор | Маријана “Нина” Росас Суливан |
Касиа Кис | Зилда |
Елиане Џардини | Перола |
Ирене Раваче | Лорета |
Вернер Шунеман | Макс |