Видухова (Западнопоморско Војводство)

Видухова
Widuchowa
село
Црквата во Видухова
Црквата во Видухова
Земја Полска
ВојводствоЗападнопоморско
ОкругГрифински
ОпштинаВидухова
Население 1.354

Видухова (полски: Widuchowa; германски: Fiddichow, Фидихов) — село во Грифинскиот Округ на Западнопоморското Војводство во северозападна полска, на самата граница со Германија (округот Укермарк). Сместено е во општината Видухова и претставува нејзино седиште.[1] Лежи на 15 км југозападно од Грифино и 35 км јужно од војводското седиште Шчеќин. Во 2008 г. Видухова имало 1.354 жители.[2]

Сè до 1945 г. селото било во Германија. Кога прешло во полска, во прво време го носело неофицијалното име „Видухово“ (Widuchowo)[3][4] На 12 ноември 1946 г. го добило денешното име.[5]

Во селото работел речниот граничен премин Видухова-Гарц за пловен сообраќај преку Одра. Престанал да се користи на 21 декември 2007 г. по сила на Шенгенскиот договор.

Познати личности

[уреди | уреди извор]
  • Фридрих Залис (1880 – 1914) — германски историчар
  • Густав Клајкамп (1896 – 1952) — германски адмирал
  • Ото Граф (1915 – 1997) — германски уметник
  1. „Rejestr TERYT“. GUS. 1 јуни 2008.
  2. Program Ochrony Środowiska dla gminy Widuchowa – Aktualizacja I. Poznań: ABRYS Technika Sp. z o.o. март 2010. стр. 24. Архивирано од изворникот на 2021-08-30. Посетено на 2021-08-30.
  3. архивски примерок. Warszawa. 1945. Архивирано од изворникот на 2012-04-15. Посетено на 2021-08-30. Занемарен непознатиот параметар |titke= (help); Занемарен непознатиот параметар |wydawca= (се препорачува |publisher=) (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. Ryss, Robert (2 јуни 2005). „Ślady zakryte i odkryte“. 22(569). ISSN 1232-664X. Посетено на 15 февруари 2013. Занемарен непознатиот параметар |adres czasopisma= (help); Занемарен непознатиот параметар |czasopismo= (се препорачува |journal=) (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  5. Rozporządzenie Ministrów: Administracji Publicznej i Ziem Odzyskanych z dnia 12 listopada 1946 r. o przywróceniu i ustaleniu urzędowych nazw miejscowości (M.P. z 1946 r. nr 142, poz. 262)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

53°7′40″N 14°23′20″E / 53.12778° СГШ; 14.38889° ИГД / 53.12778; 14.38889