Викторија Мохачи (родена на 1 април 1975 година, во Беретиоујфалу) е унгарска политичарка од ромско етничко потекло. Помеѓу 2004 и 2009 година таа била членка на Европскиот парламент (ЕП), една од само малата група пратеници Роми во ЕП. Таа била член на Алијансата на слободните демократи, дел од Европската либерал-демократска и реформска партија . Таа го заменила партискиот колега, Габор Демски, на 1 декември 2004 година. На европските избори во јули 2009 година, таа го загубила своето место.
Во 2008 година во Рим и била доделена наградата „Premio Minerva“ за нејзината активност во одбрана на човековите права на Ромите. На 21 октомври, Мохачи, која го презела водството во документирањето на насилството врз Ромите во Унгарија, ја добила годишната награда на Human Rights First за 2010 година во Њујорк.
Фондацијата Движење за десегрегација предводена од поранешната членка на Европскиот парламент Викторија Мохачи, водечкиот домашен набљудувач на нападите против Ромите и злосторствата од омраза, документира 68 напади, од кои 12 довеле до смрт помеѓу јануари 2008 и јуни 2010 година. Во еден од тие напади, еден маж и неговиот 5-годишен син биле смртно застрелани додека бегале од нивната запалена куќа. Локалната полиција утврдила дека мажот и детето умреле од вдишување чад, но под притисок на Мохачи случајот бил повторно отворен што довело до апсење на неонацистичките сторители. Во врска со овој инцидент двајца полицајци се интерно дисциплинирани.[1][2]
Во 2009 година, Мохачи побарала полициска заштита поради смртни закани што ги добила, а кои се однесувале на нејзината етничка припадност. Весникот Népszabadság во февруари 2012 година објавил дека поранешната пратеничка во Европскиот парламент Мохачи побарала азил во Канада.[3] Иако нејзиното барање прво било одбиено во 2017 година[4] нејзината жалба не била успешна ниту во 2018 година, дури и ако неколку организации го објавиле спротивното.[5] Канада ја одобри нејзината апликација од хуманитарни причини на 26 април 2018 година.