Вирџилио Фосати | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 3 јануари 1891 | ||
Роден во | Милано, Италија | ||
Починал на | 25 декември 1916 | (возр. 25)||
Починал во | близу Монфалконе, Италија | ||
Позиција | играч од средниот ред | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1909–1915 | Интер Милан | ||
Репрезентација | |||
1910–1915 | Италија[1] | 12 | (1) |
Тренер на екипи | |||
1909–1915 | Интер Милан |
Вирџилио Фосати (италијански: Virgilio Fossati; 3 јануари 1891 – 29 јуни 1916) — италијански поранешен фудбалер и тренер. Поранешен играч од средниот ред, играл и бил тренер на италијанскиот клуб Интер, исто така, настапувал и за италијанската фудбалска репрезентација; бил капитен на двете екипи во текот на неговата кариера.
Фосати ја поминал целата своја кариера во Интер. Тој за клубот играл 97 пати и постигнал 4 гола. Во текот на неговата кариера, Фосати бил капитен и на Интер и на Италија , и исто така, прв играч на Интер што играл за италијанската репрезентација. Тој подоцна, исто така, станал тренер на Интер.
Кариерата на Фосати е завршена во Првата светска војна. Тој починал на Божиќ 1916 година во Монфалконе за време на битката меѓу италијанската и австроунгарската војска.[2]
Неговиот брат Џузепе (роден во Милано, 1894) играл 43 натпревари во три години за Интер.