Вистината преовладува (чешки: Pravda vítězí) е националното гесло на Чешката Република, кое е испишано на банерот на чешкиот претседател и истото е наведено во чешкиот устав.[1]
Геслото е напишано и на споменикот Јан Хус во Прага. Денес се верува дека истото потекнува од фразата на Јан Хус: „Барај ја вистината, слушни ја вистината, научи ја вистината, сакај ја вистината, зборувај ја вистината, држи сè до вистината и брани ја вистината до смрт“.[2] „Вистината преовладува“ било усвоено како гесло од првиот претседател на Чехословачка Томаш Масарик во 1918 година.[2]
Концептот на вистината има долга традиција во чешката политичка мисла. Јан Хус и Јан Амос Комениј ја поврзале вистината со теолошките аспекти, додека етичките погледи на Масарик биле поставени наспрема лагата.[3]
Оваа статија за Чешка е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |