Владан Милојевиќ (Аранѓеловац, 9 март 1970) бил поранешен југословенски и српски фудбалер, и актуелен фудбалски тренер.
Првите фудбалски чекори ги направил во младинската академија на екипата на Црвена ѕвезда, а првите сениорски минути ги одиграл во екипите на Бечеј и на Раднички од Нов Белград. Подоцна овој дефанзивец заминал во странство и станал член на грчкиот фудбалски клуб Јанина каде со голем успех настапувал за таа екипа. Во 1996 година се вратил во екипата на Црвена ѕвезда, за која настапувал во текот на пролетта истата година. Во својата кратка кариера во црвено-белиот дрес одиграл 13 натпревари.
По претстојот во Белград тој се вратил во Грција, каде што се преселил во екипата на Аполон од Смирна. Добрите игри во првата лига во 1997 година му помогнале да го направи најголемиот трансфер во меѓународната кариера. Тој преминал во екипата на Панатинаикос и станал првиот странец кој игра на позицијата „либеро“ во овој атински гигант кој бил донесен од грчкото првенство. Настапувал во Лигата на шампионите, а за клубот одиграл вкупно 61 натпревар во текот на тригодишната кариера. По играњето за популарните„зелени“ од Атина, тој се преселил во Солун, каде на почетокот на овој милениум настапувал за составот на Ираклис. Вкупно одиграл речиси 180 натпревари во најсилниот ранг на грчкиот фудбал во својата долга меѓународна кариера. Оставил импресивен белег во грчкото првенство.
Својата тренерска работа ја започнал во младинската академија екипата на Ираклис. По усовршувањето во Солун се вратил во Белград и продолжил да работи во младинската академија на клубот Црвена ѕвезда. За време на својата тригодишна работа во помладите категории на Ѕвезда, тој го освоил првенството на Србија како најефикасна екипа на првенството, оставајќи го својот вечен ривал со голема бодовна разлика. Подоцна започнал да работи самостојно во водите на сениорскиот фудбал.
Првиот натпревар го имал на клупата на екипата на Јавор. Овој тим го водел само на седум натпревари. Зад себе оставил краток период во Ивањица по што го презел тимот на Чукарички на чие чело бил три години и половина. Во тој период напредувал заедно со клубот. Го вовел тимот од Баново брдо во највисок ранг и од нив создал стабилен суперлигаш. Под раководната палка на Владан Милојевиќ, овој клуб двапати изборил учество во квалификациите за Лига Европа и го освоил Купот на Србија со победата над екипата на Партизан во финалниот натпревар.[1]
Добрата работа со тимот на Чукарички не останала незабележана, па во есента 2015 година ја презел екипата на Омонија.[2] На Кипар останал до крајот на сезоната. Клубот го презел по лошиот старт, со него успеал да обезбеди пласман на европската сцена. Тимот од Никозија го донел до финалето на националниот Куп. Иако клубот бил задоволен од неговата работа, особено претседателот на клубот, Милојевиќ решил да го напушти по разговорите со Никос Дабизас. Токму Дабизас, подоцна бил назначен за технички директор.
Милојевиќ го постигнал својот најголемиот успех на меѓународен план, како тренер на екипата на Паниониос. Во поголемиот дел од сезоната бил на второто место на табелата, веднаш зад неприкосновениот Олимпијакос. По цели две години, токму екипата на Паниониос му го нанела првиот пораз на тимот од стадионот „ Караискакис “ во грчкото првенство. Тоа била историска победа за составот на Паниониос.[3] Со клубот успеал да ги победи и екипите на АЕК и ПАОК, но тешката финансиска ситуација и скромниот играчки кадар резултирал Паниониос да заврши во плејофот на 4то место. Со тоа бил овозможен пласман во квалификации за Лига Европа.
Милојевиќ на 5 јуни 2017 година бил назначен за тренер на Црвена ѕвезда.[4] Веќе во првата сезона, тој успеал да го одведе клубот во групната фаза на Лигата на Европа, откако Црвена ѕвезда го елиминирала составот на Краснодар во плеј-офот, со што добила можност да игра во групната фаза од европското натпреварување за прв пат по цели десет години.[5] Во групата со Арсенал, БАТЕ Борисов и Келн, Црвена звезда го заземала второто место, со што успеала да обезбеди европска пролет по цели 25 години.[6] Во осминафиналето црвено-белите биле елиминирани од екипата на ЦСКА Москва.[7] Во домашните натпреварувања, Милојевиќ ја предводел Ѕвезда до титулата на првак во Српската Суперлига, со 12 бода предност пред второпласираниот тим на Партизан.[8] Единствениот неуспех Милојевиќ го имал во Купот, каде бил поразен на пенали во четвртфиналето од составот на Мачва.[9]
Во сезоната 2018/19, Милојевиќ ја предводел Црвена ѕвезда во групната фаза од Лигата на шампионите, за прв пат по 27 години.[10] Во групата со Париз Сен Жермен, Ливерпул и Наполи, Црвена звезда го освоила последното место, но успеале да го совладаат тимот на Ливерпул (подоцна и освојувач) на стадионот Рајко Митиќ[11] и да освои бод против составот на Наполи.[12] Повторно бил освоен првенството на Србија, со девет бода предност пред второпласираниот тим на Раднички од Ниш.[8] Во Купот црвено-белите стигнале до финалето каде биле поразени од клубот на Партизан.[13]
Во сезоната 2019/20, Милојевиќ вторпат по ред ја донел екипата на Црвена ѕвезда во групната фаза од Лигата на шампионите.[14] Тоа создало серија од три години по ред во кои црвено-белите играле во групната фаза на едно европско натпреварување. Во групата со Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос, Црвена ѕвезда го заземала последното место со три освоени бода (победа над Олимпијакос во Белград). По завршувањето на есенскиот дел од Супер лигата 2019/20, Милојевиќ си заминал од екипата на Црвена ѕвезда со 11 бода предност пред второпласираниот Партизан.[8]
Во декември 2019 година тој поднел оставка како тренер на Црвена ѕвезда.[15] Милојевиќ на клупата на Црвена ѕвезда бил 897 дена, во кои остварил 107 победи, 24 нерешени и 18 порази на 149 натпревари, што било 71,8% успешност. На 149 натпревари биле постигнати 328, а примени 127 гола, што било 2,2 гола постигнати по натпревар, а само 0,85 примени. Милојевиќ бил рекордер на списокот на тренери на екипата на Црвена ѕвезда кои го воделе клубот во европските натпревари. Вкупно 44 пати седел на црвено-белата клупа во меѓународните пресметки.[8]
На крајот на февруари 2020 година Милојевиќ бил назначен за тренер на екипата на Ал Ахли од Џеда.[16] На 24 март 2021 година, Милојевиќ го раскинал договорот со екипата од Џеда. Тој го водел клубот на 41 натпревар и забележл 17 победи, 18 порази и шест нерешени резултати.[17]
На 27 мај 2021 година бил назначен за тренер на клубот АЕК од Атина со која потпишал двегодишен договор.[18] Својот прв натпревар како тренер на АЕК го имал на 22 јули 2021 година, во второто коло од квалификациите за Лигата на конференции на УЕФА, кога неговиот клуб бил поразен со резултат од 2:1 на гостувањето кај екипата на Вележ во Мостар.[19] Седум дена подоцна, на реваншот во Атина, АЕК победил со резултат од 1:0 по регуларните 90 минути, по што натпреварот преминал во продолженија. Во пенал рулетот екипата на Вележ била поуспешна.[20] Милојевиќ подоцна го водел составот на АЕК во првите пет кола од грчката Супер лига, забележувајќи три победи, еден нерешен резултат и еден пораз. По ваквиот старт на 8 октомври 2021 година следувало раскинување на договорот со атинскиот клуб.[21]
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)[мртва врска]
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)