Владислав Маркович Илич-Свитич е еден од првите јазичари во светот кој се занимавал со македонскиот јазик и се смета за основоположник на македонстиката во тогашен СССР.
Роден е во Киев на 19 септември 1934 година. Загинал во сообраќаjна несреќа на 22 август 1966 година во Москва. Студирал на филолошкиот факултет на МГУ 1952-1957 година, на славистичкото одделение. Неговт ментор бил професорот С.Б.Бернштеjн. Илич-Свитич беше лингвист-компаративист, се занимаваше со словенска диjалектологиjа, автор е на широко позната ностратичка теориjа за роднински врски меѓу индоевропските, картвелските, семито-хамитските, старо-индиските, уралските и алтаjските јазици. Автор е (заедно со Диме Толовски) на првиот македонско-руски речник со граматички прирачник (Москва 1963).