Влашка музика (влашки: Muzica armãneascã) — музиката својствена за Власите. Власите се етничка група распространета низ Балканот, кои живеат во Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Романија и Србија.[1] Влашката музика имала влијание од музиката на другите етнички групи на Балканот, како што е онаа на Албанците, Бугарите, Грците, Македонците, Романците и други. Сепак, таа низ историјата развила свои својствени особини и особености што ја издвојувале од другите балкански музички жанрови, а влијаела и на музиката на претходно споменатите народи.[2]
Влашката музика не била опширно проучувана од истражувачите, честопати засенета од музиката на другите етнички групи на Балканот.[3] Една од главните особини на влашката музика е важноста на полифоната музика (музика со двајца или повеќе изведувачи), бидејќи влашките музичари имаат тенденција да настапуваат во групи.[4][5] Изведбата на полифоната музика следи низа заеднички правила кај Власите. На пример, секогаш постои водечки пејач кој ја започнува песната и дејствува како водач, познат на влашки како atselu tsi u lja („оној што ја зема [песната]“). Има и втор пејач, atselu tsi u talji („оној што го пресекува“), кој почнува да пее набргу по главниот пејач, како и други позиции. Монофоната музика (музика со еден изведувач) е присутна и во влашката музика, и историски е повеќе истражувана од влашката полифона музика.[3]
И покрај тоа што е единствен музички жанр, влашката музика има неколку варијации, стилови и начини на нејзино изведување кои можат да се класифицираат според земјите во кои живеат и кои пак можат да се поделат на повеќе варијации и стилови.[2] Некои од поджанровите на влашката музика вклучуваат балади, танцувачки песни, епски песни и лирски песни.[5]
Денес постојат повеќе проекти и културни организации кои се залагаат за зачувување на музиката на оваа етничка група. Пример е српско-влашкото здружение Луњина во Србија, кое во 2021 година објави дека работи на објавување на ЦД со традиционална влашка музика.[6] Друг пример е зачувувањето и промовирањето на пеачките традиции на проектот Фаршерот Власите од Добруџа, организиран од неколку влашки организации во Романија.[4]
Некои примери на популарни влашки музички изведувачи или музичари од влашка етничка припадност се Ели Фара,[7] Елена Георге, [8] Никос Каракостас, [9] Тоше Проески, [10] Парашќеви Симаку[11] и Адријан Узум.[12] Значајна влашка песна е „Dimãndarea pãrinteascã“ („Волјата на предците“), често користена како етничка химна на Власите.[1] Друга популарна влашка песна е традиционалната Di la Aminciu pãn' la Ameru („Од Мечово до Милеа“).[13]