Влашкоромски јазик | |
---|---|
Застапен во | Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Унгарија |
Говорници | 900,000 (2002–2004)[1] |
Јазично семејство | индоевропско
|
Статус | |
Службен во | Официјално признат како малцински јазик во: Унгарија, Романија, Полска и Србија |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | rmy |
Влашкоромскиот јазик, или влашкоромскиот дијалект, е поим со кој се опфаќаат ромските дијалекти кои се зборуваат на територијата од Албанија, преку Босна и Унгарија па сè до Романија и Украина.[2] Според некои извори оваа група дијалекти може да се смета и за засебен јазик.[3] Влашкоромскиот е најголема група ромски дијалекти. Повеќето од влашкоромските говорници живеат во Босна (проценка 300.000), а потоа Романија (241.617), Колумбија (79.000[4] и Албанија (60,000).
Влашкоромскиот е поделен на две подгрупи: северни (влашки I) и јужни (влашки II).[2]