шпански: Interior de cárcel | |
Творец | Франсиско Гоја |
---|---|
Година | 1793-1794 |
Димензии | 42.9 см × 31.7 см |
Место | Музеј Бовес |
Внатрешност на затворот (шпански: Interior de cárcel) — масло на платно завршено од шпанскиот уметник Франциско Гоја (1746–1828) во периодот помеѓу 1793-94 година. Сликата е облеана во слаба, ладна светлина што и дава чувство на чистилиште.
Тоа е едно од бројните дела што уметникот ги направил од сцени сместени во лудачки азили, вклучувајќи ги „Двор со Лудаци“ (1793–1794) и „Лудницата“ (1812-1813). [1] Овие дела биле насликани во време кога лудниците биле „дупки на социјалната површина, мали депонии во кои можеше да се фрли психотикот без најмал обид да се открие, класифицира или лекува природата на неговата болест“ [2] . Гоја често се плашел за сопствениот разум, факт што ги нагласува овие дела со чувство на страв.