Воден цвет | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Членконоги |
Класа: | Инсекти |
Ред: | Еднодневки |
Семејство: | Ephemeridae |
Род: | Ephemera |
Вид: | E. vulgata |
Научен назив | |
Ephemera vulgata (Linnaeus, 1758) |
Воден цвет (Ephemera vulgata) – нежен инсект со должина 17-19 mm. Возрасните единки се појавуваат масовно предвечер над површината на водата и живеат многу кратко. Масовно изумирање на овој вид во водите создава појава наречена „воден цвет“.[1]
Водниот цвет се разликува од сличната Ephemera danica по својата побледа боја и помала големина. Крилјата имаат многу вени и секој сегмент на абдоменот има по еден пар црни пруги.[2]
Водниот цвет е распостранет во повеќето на Европа. Најчесто се размножуваат во реки со бавен тек и мирни води како бари. Популацијата најверојатно се намалува бидејки од загадувањето на водите со пестициди и тешки метали, и дисориентацијата на возрасните поединки бидејки од светлинското загадување.[3]
Ларвите се закопуваат во седиментните подови на бари, користејки ги стомачните жабри за да создадат постојан тек на вода во нивните дупки, овозможувајки присуство на кислород за впивање низ кожата. Жабрите на ларвите исто така служат за полесно впивање на кислород во ниско-кислородното живеалиште каде се наоѓаат ларвите.[4] Седиментот во кој живеат е богат со органска материја, а тешки метали можат да се акумулираат во загадени живеалишта (на пр. кадмиум, бакар, олово и цинк). [5]
На земјата, на отворените места или на дрвјата[6], мажјаците играат танц за женките[7] во утрото и вечерта во период од Јуни до Август.[6] Во периоди меѓу групирање, мажјаците се одмараат во вегетацијата.[6] Женките летајќи во групата се оплодени од мажјак во групата.[8] Женката преку внесување на стомакот во водата ги положува јајцата. Овој вид на еднодневка најчесто има дво-годишен циклус, поминувајки го животот како ларви повеќето од тој период, постанувајки возрасни за краток период во летото. [2]