Воздушна археологија или аероархеологија — наука за археолошки остатоци со нивно испитување од височина со помош на фотографија. Предностите на воздушните (летечки) фотографии на археолози се разновидни.
Археолошкиот одлики можат да бидат повеќе видливи од воздух отколку на земја. Во умерените делови на Европа, распознавањето од воздух е еден од најважните начини преку кои се откриваат нови археолошки наоѓалишта. Мали ситни разлики во временските услови на земјата предизвикуваат да се појават затскриените одлики кои можат да се нагласат со голем број на фактори и потоа да бидат гледани од воздух:
Мали разлики во нивото на теренот ќе предизвикаат сенки кога сонцето е ниско и ова најдобро може да се види од авион. Тие се познати како затемнети белези.
Закопаните ровови ќе содржат повеќе вода а закопаните ѕидови ѕидови ќе содржи помалку вода отколку непретумбаната земјата, и овој феномен меѓу другото, овозможува житните култури да растат подобро или полошо, повисоко или пониско, над различен тип на земјата и со тоа ги дефинираат одликите кои се закопани но се очигледни кај разликите во бојата на фотографијата. Таквите ефекти се нарекува растителни белези.
Исто така во текот на зимата може да се појави мраз кај изораните полиња каде што водата природно се акумулира вдолж линиите на закопаните структури. Тие се познати како ледени белези.
Малите разлики во бојата на почвата помеѓу природните наслаги и археолошките наоѓалишта, кај изораните полиња може да се покаже како почвен белег.
Во пионерите на воздушната археологија се вбројуваат: Роџер Агаш во северна Франција, Антоан Појдебард во Сирија и Крафорд во Англија.