Воини на Хелгеланд (Hærmændene paa Helgeland) ― седмата драма од Хенрик Ибзен. Напишана е во 1857 година и првпат била изведена во Норвешкиот театар „Кристијанија“ во Осло на 24 ноември 1858 година. Дејствието се одвива во времето на Ерик Крвава Секира (околу 930–934) на северот на Норвешка во историскиот Хелгеланд, време во кое норвешкото општество се прилагодувало од традицијата на старонордиските саги кон новата време на христијанството. Станува збор за доаѓањето на Орнулф, кој со седумте сина ги бара ќерката Дагни и поќерката Хјердис, кои биле грабнати и оженети од Сигурд, односно Гунар. Трагедијата надополнета со концепциите за чест и должност доведува до смрт на сите синови на Орнулф, Сигурд (кој е убиен од Хјердис) и Хјердис (со самоубиство). Заплетот потсетува на германскиот мит за Зигмунд и Бринхилда.
Оваа драма била преведена на англиски од шкотскиот писател и критичар Вилијам Арчер како дел од неговата публикација Прозни драми на Хенрик Ибзен, том. III. Овој том се состоел од Госпоѓа Ингер од Естерад (Fru Inger til Østeraad); Воини во Хелгеланд (Hærmændene paa Helgeland); и Претендент (Kongs-Emnerne). Била објавена од The Walter Scott Company, Лондон во 1890 година.[1]
Појавувањето на ликот Дагни во оваа драма е сметано дека придонело за заживување на популарноста на ова име во Норвешка и воопшто во Скандинавија, во втората половина на 19 век.