Волта а Каталуња 2014

Волта а Каталуња 2014
Светска турнеја на UCI 2014, трка 5 од 28
Детали за трката
Датум(и) 24–30 март 2014
Етапи 7
Растојание 1.117,9 км
Време 29ч 41' 34"[1] (24.440 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Хоаким Родригес (ШПА) (Катјуша)
Втор  Алберто Контадор (ШПА) (Тинкоф-Саксо)
Трет  Тиџеј ван Гардерен (САД) (Ванти-Груп Гобер)

Планински  Стеф Клемент (ХОЛ) (Белкин Про Сајклинг)
Спринтерски  Михел Кох (ГЕР) (Канондејл)
Екипен Гармин-Шарп
2013
2015

Волта а Каталуња 2014 — 94. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња. Започнала на 24 март во Калеља, а завршила на 30 март Барселона, одржувајќи вкупно седум етапи. Претставувала петта трка во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена по вторпат од Шпанецот Хоаким Родригес од Катјуша,[2] кој го презел водството по освојувањето на третата етапа и го одржал до крајот на трката во Барселона, освојувајќи по првпат етапна трка во изминатите две години.[3] Родригес го освоил генералниот пласман за четири секунди пред второпласираниот и сонародникот Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо),[4] додека возачот на Ванти-Груп Гобер Тиџеј ван Гардерен го заокружил подиумот, три секунди зад Контадор,[5] и седум зад Родригес; Ван Гардерен ја освоил кралската етапа на трката на четвртиот ден.[6]

Во другите пласмани на трката, Стеф Клемент, од екипата Белкин Про Сајклинг,[5] бил освојувач на црвената маичка за планинскиот пласман; исто така освоил и етапа носејќи ја маичката, победувајќи на претпоследната етапа.[7] Возачот на Канондејл Михел Кох ги освоил двата спринтерски пласмани; заедно со нормалниот спринтерски пласман,[5] Кох бил победник и на специјалниот спринтерски пласман,[5] именуван во чест на Мигел Поблет, со доделување бодови на специфични места на патеката. Втора година по ред, Гармин-Шарп го освоиле екипниот пласман.[5]

Распоред

[уреди | уреди извор]
Список на етапи
Етапа Датум Движење Растојание Вид Победник
1 24 март Калеља до Калеља 169,7 км рамна етапа  Лука Мезгец (СЛО)
2 25 март Матаро до Жирона 168 км рамна етапа  Лука Мезгец (СЛО)
3 26 март Бањолес до Ла Молина 162,9 км планинска етапа  Хоаким Родригес (ШПА)
4 27 март Алп до Валтер 2000-Сеткасес 166,4 км планинска етапа  Тиџеј ван Гардерен (САД)
5 28 март Лјанарс до Валс 218,2 км среднопланинска етапа  Лука Мезгец (СЛО)
6 29 март Ел Вендрел до Виланова и ла Желтру 172 км рамна етапа  Стеф Клемент (ХОЛ)
7 30 март Барселона до Барселона 120,7 км среднопланинска етапа  Ливе Вестра (ХОЛ)

Бидејќи Волта а Каталуња е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат екипа. На четири други екипи им биле доделени специјални покани, со тоа создавајќи ја главната група од 22 екипи.

Екипи кои настапиле на трката се:[8]

24 март 2014 — Калеља до Калеља, 169,7 км[9]
Резултат од етапа 1
Возач Екипа Време
1  Лука Мезгец (СЛО) Џајант-Шимано 4ч 09' 13"
2  Ли Хауард (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
3  Жилијан Алафилип (ФРА) Омега Парма-Квик Степ и.в.
4  Паул Мартенс (ГЕР) Белкин Про Сајклинг и.в.
5  Тош ван дер Санде (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
6  Даниеле Рато (ИТА) Канондејл и.в.
7  Маркус Бургхарт (ГЕР) Ванти-Груп Гобер и.в.
8  Роберто Ферари (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
9  Самуел Димулен (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
10  Кевин Реза (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
Генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Лука Мезгец (СЛО) Џајант-Шимано 4ч 09' 03"
2  Ли Хауард (АВС) Орика-ГринЕЏ + 4"
3  Жилијан Алафилип (ФРА) Омега Парма-Квик Степ + 6"
4  Борис Вале (БЕЛ) Лото-Белисол + 8"
5  Седрик Пино (ФРА) FDJ.fr + 9"
6  Паул Мартенс (ГЕР) Белкин Про Сајклинг + 10"
7  Тош ван дер Санде (БЕЛ) Лото-Белисол + 10"
8  Даниеле Рато (ИТА) Канондејл + 10"
9  Маркус Бургхарт (ГЕР) Ванти-Груп Гобер + 10"
10  Роберто Ферари (ИТА) Лампре-Мерида + 10"
25 март 2014 — Матаро до Жирона, 168 км[10]
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Лука Мезгец (СЛО) Џајант-Шимано 3ч 57' 49"
2  Роберто Ферари (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
3  Даниеле Рато (ИТА) Канондејл и.в.
4  Жилијан Алафилип (ФРА) Омега Парма-Квик Степ и.в.
5  Маркус Бургхарт (ГЕР) Ванти-Груп Гобер и.в.
6  Давиде Вигано (ИТА) Каха Рурал-Сегурос РГА и.в.
7  Борис Вале (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
8  Тош ван дер Санде (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
9  Ли Хауард (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
10  Маќеј Патерски (ПОЛ) ЦЦЦ-Полсат-Полковице + 3"
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Лука Мезгец (СЛО) Џајант-Шимано 8ч 06' 42"
2  Роберто Ферари (ИТА) Лампре-Мерида + 14"
3  Ли Хауард (АВС) Орика-ГринЕЏ + 14"
4  Жилијан Алафилип (ФРА) Омега Парма-Квик Степ + 16"
5  Даниеле Рато (ИТА) Канондејл + 16"
6  Борис Вале (БЕЛ) Лото-Белисол + 18"
7  Маркус Бургхарт (ГЕР) Ванти-Груп Гобер + 20"
8  Тош ван дер Санде (БЕЛ) Лото-Белисол + 20"
9  Давиде Вигано (ИТА) Каха Рурал-Сегурос РГА + 20"
10  Михел Кох (ГЕР) Канондејл + 20"
26 март 2014 — Бањолес до Ла Молина, 162,9 км[11]
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша 4ч 50' 55"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 5"
3  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 9"
4  Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер + 11"
5  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 13"
6  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 14"
7  Вилко Келдерман (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 14"
8  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 14"
9  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 14"
10  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 20"
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша 12ч 58' 00"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 5"
3  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 9"
4  Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер + 11"
5  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 13"
6  Вилко Келдерман (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 14"
7  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 14"
8  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 14"
9  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 14"
10  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 20"
27 март 2014 — Алп до Валтер 2000-Сеткасес, 166,4 км[12]
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер 4ч 49' 30"
2  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
3  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 3"
4  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 4"
5  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 5"
6  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 8"
7  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 8"
8  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Шимано + 15"
9  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 16"
10  Роберт Кишерловски (ХРВ) Трек Фактори Рејсинг + 21"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша 17ч 47' 34"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 4"
3  Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер + 7"
4  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 10"
5  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 10"
6  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 17"
7  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 18"
8  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 26"
9  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Шимано + 42"
10  Давид Аројо (ШПА) Каха Рурал-Сегурос РГА + 45"
28 март 2014 — Лјанарс до Валс, 218,2 км[13]
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Лука Мезгец (СЛО) Џајант-Шимано 5ч 16' 00"
2  Жилијан Алафилип (ФРА) Омега Парма-Квик Степ и.в.
3  Самуел Димулен (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
4  Паул Мартенс (ГЕР) Белкин Про Сајклинг и.в.
5  Михел Кредер (ХОЛ) Ванти-Груп Гобер и.в.
6  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо и.в.
7  Адам Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ и.в.
8  Кевин Реза (ФРА) Тим Јуропкар и.в.
9  Тош ван дер Санде (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
10  Давиде Вигано (ИТА) Каха Рурал-Сегурос РГА и.в.
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша 23ч 03' 34"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 4"
3  Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер + 7"
4  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 10"
5  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 10"
6  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 17"
7  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 18"
8  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 26"
9  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Шимано + 42"
10  Роберт Кишерловски (ХРВ) Трек Фактори Рејсинг + 48"
29 март 2014 — Ел Вендрел до Виланова и ла Желтру, 172 км[14]
Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Стеф Клемент (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг 3ч 58' 44"
2  Руди Молар (ФРА) Кофидис + 3"
3  Питер Сери (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 3"
4  Јенс Фогт (ГЕР) Трек Фактори Рејсинг + 3"
5  Марек Руткјевич (ПОЛ) ЦЦЦ-Полсат-Полковице + 3"
6  Антонио Пједра (ШПА) Каха Рурал-Сегурос РГА + 3"
7  Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 3"
8  Дамјен Хаусон (АВС) Орика-ГринЕЏ + 3"
9  Нико Сејменс (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 9"
10  Тош ван дер Санде (БЕЛ) Лото-Белисол + 55"
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша 27ч 03' 13"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 4"
3  Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер + 7"
4  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 10"
5  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 10"
6  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 17"
7  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 18"
8  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 26"
9  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Шимано + 42"
10  Роберт Кишерловски (ХРВ) Трек Фактори Рејсинг + 48"
30 март 2014 — Барселона до Барселона, 120,7 км[15]
Резултат од етапа 7
Rider Team Time
1  Ливе Вестра (ХОЛ) Астана 2ч 36' 14"
2  Маркус Бургхарт (ГЕР) Ванти-Груп Гобер + 1' 22"
3  Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар + 1' 22"
4  Маќеј Патерски (ПОЛ) ЦЦЦ-Полсат-Полковице + 1' 26"
5  Јоан Бажо (ФРА) Кофидис + 1' 36"
6  Јан Поланц (СЛО) Лампре-Мерида + 2' 07"
7  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 2' 07"
8  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 2' 07"
9  Арнолд Жанесон (ФРА) FDJ.fr + 2' 07"
10  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 2' 07"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша 29ч 41' 34"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 4"
3  Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер + 7"
4  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 10"
5  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим + 10"
6  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 17"
7  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 18"
8  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 26"
9  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Шимано + 42"
10  Роберт Кишерловски (ХРВ) Трек Фактори Рејсинг + 48"

На Волта а Каталуња 2014 се доделувале четири маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временските бонуси на средните спринтови и на крајот на етапите, предводникот ја добил бело-зелената маичка. Овој пласман се смета за најважен на Волта а Каталуња 2014 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.

Дополнително, постои и спринтерски пласман, кој се наградува со белата маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите 3 места на средните спринтови во текот на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нудат и бонус секунди за генералниот пласман. Воедно постои и специјален спринтерски пласман, во кој се сметаат бодовите кои се нудат на посебно одредена точка во текот на етапата; пласманот бил именуван во чест на поранешниот велосипедист Мигел Поблет, кој починал во 2013. Исто така, постои и планински пласман, каде се доделува црвена маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања.

Постои и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време.

Етапа Победник Генерален пласман
Планински пласман
Црвена маичка
Спринтерски пласман
Бела маичка
Специјален спринтерски пласман
Екипен пласман
1 Лука Мезгец Лука Мезгец Ромен Лемаршан Борис Вале Ромен Лемаршан Омега Парма-Квик Степ
2 Лука Мезгец Михел Кох Лото-Белисол
3 Хоаким Родригес Хоаким Родригес Џек Бобриџ Михел Кох Аг2р-Ла Мондијал
4 Тиџеј ван Гардерен Стеф Клемент Гармин-Шарп
5 Лука Мезгец
6 Стеф Клемент
7 Ливе Вестра
На крај Хоаким Родригес Стеф Клемент Михел Кох Михел Кох Гармин-Шарп
  1. „94ª Volta a Catalunya: General Individual“. Edosof (шпански). AS&A. 30 март 2014. Архивирано од изворникот на 2014-03-30. Посетено на 30 март 2014.
  2. „Родригес го запечати вториот триумф на Волта а Каталуња“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Reuters. 30 март 2014. Посетено на 30 март 2014.
  3. „Хоаким Родригес ја запечати победата додека Ливе Вестра сам ја освои последната етапа“. Sky Sports. BSkyB. 30 март 2014. Посетено на 30 март 2014.
  4. „Алберто завршил втор во генералниот пласман на Каталуња“. Тинкоф-Саксо. Tinkoff Sport. 30 март 2014. Посетено на 30 март 2014.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Фотерингем, Аласдер (30 март 2014). „Родригес триумфирал на домашен терен на Волта а Каталуња“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 30 март 2014.
  6. „Тиџеј ван Гардерен ја освои кралската етапа на Волта а Каталуња“. Cycling Weekly. IPC Media. 27 март 2014. Посетено на 30 март 2014.
  7. „Клемент победи на етапа на Волта а Каталуња во планинската маичка“. Белкин Про Сајклинг. Rabo Wielerploegen. 29 март 2014. Архивирано од изворникот на 2014-04-02. Посетено на 30 март 2014.
  8. „Volta Ciclista a Catalunya 2014 start list“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот на 2014-03-22. Посетено на 24 март 2014.
  9. „Етапа 1: Калеља до Калеља“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 март 2014.
  10. „Етапа 2: Матаро до Жирона“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 март 2014.
  11. „Етапа 3: Бањолес до Ла Молина“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 март 2014.
  12. „Етапа 4: Алп до Сеткасес“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 март 2014.
  13. „Етапа 5: Лјанарс до Валс“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 март 2014.
  14. „Етапа 6: Ел Вендрел до Виланова и ла Желтру“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 март 2014.
  15. „Етапа 7: Барселона до Барселона“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 март 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]