Селото се наоѓа во северното подножје на планината Баба Сач. Тоа е едно од најголемите и најпознатите македонски села во Кичевската Котлина. Околни села се: Атишта, Челопеци и Староец.[3]
Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Баба Сач, Кутлиште, Турла, Рамниште, Рамна Краста, Пештера, Ливадиште, Осој, Присој, Пантео Трло, Каралајца, Калиња, Граиште, Гробои, Д’лгаш и Стаматоец. Месностите во низинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Садој, Ограѓе, Калници, Лесковник, Секулица, Дрен, Св. Петка, Рајкојци, Кукулејци, Вртача, Чупчеец, Адине, Мањов Враз, Рофјаник, Широка Шума, Лазој, Крва Бара, Крс, Лагот, Мост, Кленчиња, Латков Брег и Крилатица.[3]
Селото има збиен тип. Постојат четири маала: Горно, Средно, Долно и Лево Маало. Од нив најголемо е Средното Маало. Роднинските куќи се групирани и поблиску една до друга.[3]
До Вранештица води асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат Кичево-Македонски Брод.
Во селото до 1981 постоеле отворени извори (Инков извор, Стаматоец, Зајакоско изворче, Извор и други), но со изградбата на селскиот водовод сите тие извори преку летниот период пресушуваат. Населението со вода се снабдува од системот Студенчица, а покрај него постојат и неколку јавни чешми.
Вранештица се смета за стара населба во Кичевско и во неа постојат бројни стари македонски родови. Единствено се наведува дека порано селото имало разбиен тип, односно постоеле куќи и на месностите Стари Куќи, Куќине (каде што денес се наоѓа доцносредновековната црква „Св. Илија“) и други. Подоцна, Вранештица станало село од збиен тип.[3]
Во историските извори се сретнува под истото име во втората половина на XV век (1467/1477), кога броело 52 словенско-христијански куќи,[3] меѓу кои 48 семејства, 3 неженети и 1 вдовица.[5]
За време на турското владеење, мештаните многу страдале од муслиманските Арбанаси од демирхисарското село С’лп. Тоа село имало околу 60 куќи и неговите жители ги запоседнале сите пасишта и шуми на планината Баба Сач, но и најдобрите ниви во атарот на Вранештица. Освен тоа, на превојот Турла го контролирала сообраќајот Кичево-Битола. Тоа село при една буна во 1913 година било целосно уништено.[3]
Атарот зафаќа простор од 15,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.100,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 259,9 хектари, а на пасиштата само 143,8 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат продавници.[2]
Мештаните на Вранештица се занимаваат со земјоделство и сточарство, а во минатото особено било развиено грнчарството.[3]
Во минатото во селото работела фабрика за тули и ќерамиди.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вранештица се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 120 куќи.[10]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Вранештица:[11]
Домаќинства
Гурбетчии
Писмени
Неписмени
мажи
жени
вкупно
мажи
жени
вкупно
119
111
151
49
200
165
274
439
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[12]
Вранештица е средно село по големина, но со намалување на бројот на население. Во 1961 година селото броело 745 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 496 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Вранештица живееле 438 жители, од кои 437 Македонци и 1 Србин.[13]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 329 жители, од кои 313 Македонци и 16 лица без податоци.[14]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселенички:Србаковци (8 к.), потеклото им е од околината на Ужице во Србија, некои муслимани за време на востанието во Србија во 1813 година донеле две жени со деца во селата Лисичани и Вранештица и така овој род е од децата, од овој род потекнува Ванчо Србаков; Пољанковци (8 к.), доселени се од селото Пашино Рувци во Прилепско; Миловци (7 к.), Зајаковци (4 к.), Ќиријовци (3 к.) и Матевци (2 к.), сите доселени од селото Цер; Незировци (1 к.), доселени се од соседното село Атишта; Голабовци (3 к.), доселени се од некое село во Струшко; Корабовци (2 к.), доселени се од кичевското село Ново Село.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[19]
Доселенички:Чурчијевци (2 к.), доселени се од селото Дупјани, а таму се доселени од Тетовско; Брдаровци (4 к.), доселени се од селото Цер во Железник пред 200 години; Богојевци (4 к.), доселени се од селото Бигор Доленци; Пољаковци (2 к.), доселени се од Битолско пред 135 години; Бојовци (2 к.), доселени се од некое село Брезово кај Прилеп? (веројатно Брезово во Железник); Ќосевци (1 к.), доселени се од селото Цер во Железник; Црничовци (1 к.), доселени се од селото Челопеци; Карафиловци (1 к.), доселени се од Охридско или селото Малкоец; Србиновци (3 к.), доселени се од Србија; Ѓорнаумовци (3 к.), доселени се од Кумановско; Куневци (1 к.), доселени се од Цер во Железник; Кузевци (1 к.), дошле со Карафиловци од Охридско; Тофиловци (2 к.), доселени се од Битолско; Корабовци (3 к.), доселени се од селото Ново Село; Лешниковци (2 к.), потекнуваат од домазет доселен однекаде; Пејчиновци (1 к.), доселени се од Прострање; Газиновци (3 к.), доселени се од селото Атишта; Попчевци (2 к.), доселени се од селото Велмевци во Железник; Коритаровци (1 к.), од домазет, однекаде; Голабовци (3 к.), доселени се од Струшко; Кундаковци (2 к.), доселени се од Цер во Железник; Гугевци (1 к.), доселени се од Тетовско; Минговци (1 к.), доселени се од селото Староец; Кушиновци (1 к.), доселени се од селото Челопеци; Таневци (2 к.), доселени се преку селото Староец од Охридско; Митревци (2 к.), доселени се од Мариово; Бентовци (1 к.), доселени се од селото Атишта; Паспалковци (2 к.), доселени се од селото Лисолај кај Битола; Прчевци (2 к.), доселени се од Порече; Чушковци (1 к.), доселени се од селото Лупште во Порече; Србаковци (2 к.), доселени се пред околу 250 години од околината на Ужице или од Приштина. Дошле барајќи си ја сестрата и останале овде. Ги има и во Порече и Гостивар; Станчевци (1 к.), потекнуваат од домазет кој дошол од селото Цер во Железник и Баталковци (2 к.), доселени се од околината на Призрен во Косово.
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото било седиште на некогашната Општина Вранештица.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Староец, во која покрај селото Атишта, се наоѓале и селата Бигор Доленци, Вранештица, Карбуница и Староец. Општината Староец постоела и во периодот 1950-1952, во која тогаш влегувале селата: Атишта, Вранештица, Карбуница и Староец.
Вранештица е село од кое населението не се селело често, како што е случај со поголемиот број села во Кичевско, а тоа се должи на добрата географска положба и близината со градотКичево. Но, сепак, и покрај тоа, од селото има иселеници, во мал број и тоа од родот Матевци има иселеници во Кикинда, од родот Пољанковци има иселеници во Кичево, постари иселеници има во Бугарија, а по еден род има отселено во селата Мало Црско(Златановци) и Староец (Голабовци).
↑ 3,03,13,23,33,43,53,63,7Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 112–113.
↑Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 ноември 2020.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)