Врачевце | |
Поглед на маалото Преод, дел од селото Врачевце | |
Координати 42°14′18″N 21°52′42″E / 42.23833° СГШ; 21.87833° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1303 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17020 |
Надм. вис. | 494 м |
Слава | Спасовден |
Врачевце на општинската карта Атарот на Врачевце во рамките на општината | |
Врачевце на Ризницата |
Врачевце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во средишниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од левата страна на реката Пчиња. Селото е раштркано и има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 420 до 470 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 27 километри.[2]
Куќите на ова село се наоѓаат на висорамнина на височина од околу 450 метри. Околни села се: Драгоманце, Коинце, Добрача и Степанце.[3]
Атарот е мал и зафаќа површина од само 3,3 км2. На него пасиштата заземаат површина од 185,4 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 108,5 хектари, а на шумите 23 хектари.[2]
Врачевце е село од разбиен тип. Како маала на селото се споменуваат Село, Чукар, Башче и Падино Маало.[3]
Народната традиција верува дека пред денешното село постоела друга постара словенска населба, во која се наоѓала црква, во близина на денешното маало Село. Оваа населба пропаднала кон крајот на XVII век.[3]
Црквата и денес може да се познае по своите урнатини, а некои кажуваат дека го носела името „Св. Ѓорѓи“. Во текот на Првата светска војна, австриски војници го срушиле покривот на црквата.[3]
Денешното население за селото вели дека е релативно млада населба, потекло од крајот на XVIII или почеток на XIX век. Земјата била во посед на некој кратовски бег. Врачевце најнапред имало збиен карактер, сите живееле во маалото Село.[3]
Во текот на XIX век, во Врачевце живееле и неколку ромски семејства, како Ѓорѓовци. Кон крајот на турското владеење, дел од нив се преселиле во Драгоманце.[3][4]
Во XIX век, Врачевце било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
Во основа, селото има полјоделска функција, но не е доволно развиено.[2]
Околу Врачевце се наоѓаат ниви погодни за жито. Воедно, земјоделството е во тесна врска со сточарството. Главно се одгледуваат овци и волови.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Врачевце имало 175 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врачевце имало 224 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Врачевце е мало село во фаза на наполно раселување. Во 1961 година, селото броело 99 жители, а во 1994 година само 25 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Врачевце имало 22 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, од кои 9 Македонци и 1 Србин.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 175 | 224 | 88 | 89 | 99 | 56 | 59 | 25 | 25 | 22 | 10 |
Денешното население на Врачевце потекнува од предците кои се доселени, главно од Србија. Како родови се споменуваат: Ангелови (1 к.), слават Свети Никола, доселени од негде; Стошинци (2 к.), слават Свети Никола, доселени од соседното Драгоманце пред 130 години; Денковци или Дурутови (2 к.) и Николини (2 к.), потекнуваат од ист предок, доселени од околината на Врање; Бошкови (2 к.), слават Свети Јован, доселени од Врање; Куштарци (1 к.), слават Свети Никола, доселени од селото Рамно.[3]
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Врачевце се наоѓале и селата Враготурце, Драгоманце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.
Најмногу иселувања имало во градот Куманово.[3]
|access-date=
бара |url=
(help)