Врпско | |
Координати 41°14′21″N 21°48′47″E / 41.23917°N 21.81306°E | |
Регион | Мариово |
Општина | ![]() |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20017 |
Надм. вис. | 650 м |
![]() |
Врпско — раселено село во Општина Прилеп, во областа Мариово, југоисточно од градот Прилеп.
Врпско — село во југозападниот дел на територијата на Општина Прилеп, во областа Мариово. Се наоѓа југоисточно од Прилеп, лево од патот Ново Лагово-Витолиште-Кавадарци-Росоман-Градско.
Селото Врпско во османлиските пописни дефтери:[2]
Османски статистики | Домаќинства | Неженети | Вдовици | Годишен приход |
---|---|---|---|---|
Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. | 10 | 1 | 3 | 823 |
Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. | 17 | 691 | ||
Дефтер бр. 73 од 1519 г. | 43 | 4 | 1843 | |
Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. | 36 | 9 | 2 | 2555 |
Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. | 18 | 3 | 1555 |
Во XIX век, Врпско било село во Мариовската нахија во Прилепската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врпско живееле 230 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врпско имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врпско се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 41 куќа.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, селото Врпско било целосно раселено.[7] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 224 | 124 | 135 | 137 | 46 | 5 | 1 | 2 | 0 | 0 |
Во селото постои избирачкото место бр. 1527 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна канцеларија на селото Витолиште. Во избирачкото место се опфатени населените места: Врпско, Витолиште и Живово.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 130 гласачи.[13]