Врховен суд на Калифорнија Supreme Court of California | |
---|---|
![]() Печат на Врховниот суд на Калифорнија | |
![]() | |
Основан | 1849 |
Надлежност | ![]() |
Местоположба | Сан Франциско, Калифорнија |
Authorized by | Устав на Калифорнија |
Decisions are appealed to | Supreme Court of the United States |
Judge term length | 12 години |
Number of positions | 7 |
Мрежно место | Врховен Суд на Калифорнија |
Претседател на Судот | |
Моментално | Тани Кантил-Сакаује |
Од | 3 јануари 2011 |
Lead position ends | 2 јануари 2023 |
Врховниот суд на Калифорнија (англиски: Supreme Court of California) е највисокиот државен суд во Калифорнија. Неговото седиште се наоѓа во Сан Франциско и најчесто седниците се одржуваат во Лос Анџелес и Сакараменто. Одлуките кои ги донесува се обврзувачки за сите државни судови во Калифорнија.[1]
Под оригиналниот Устав на Калифорнија 1849 година, судот започна со врховен судија и два придружни судии. Судот беше проширен на пет судии во 1862 година. Под моменталниот Устав од 1879 година, судот се прошири на шест придружни судии и еден врховен судија, за моментална бројка од седум судии. Гувернерот на Калифорнија ги назначи судиите на 12 годишен мандат и преку гласачите тие се предмет на задржување на изборите.
Според Уставот на Калифорнија, за едно лице да може да се назначи, мора во Калифорнија да биде признаен адвокат во пракса или да отслужи мандат од 10 години како судија во некој суд на Калифорија непосредно пред именувањето.
Откако судиите се назначени тие се предмет на задржан глас на следните генерални избори и потоа на временски период од 12 години. Избирачкото тело повремено ја употребува моќта да не задржува судии. Врховниот судија Роуз Бирд и придружните судии Круз Рејносо и Џозеф Гродин жестоко се спротивставуваа на смртната казна и подоцна на генералните избори во 1986 година беа отстранети. Ново избраниот гувернер Џорџ Дејкмеџијан успеа да го издигне придружниот судија Малком М. Лукас на местото врховен судија и да назначи три нови конзервативци за придружни судии (еден да го замени Лукас на неговото старо место и двајца да ги заменат Рејносо и Гродин).
Републиканците назначија шест судии (Кантил-Сакаје, Кенард, Бакстер, Вердегар, Чин и Кориген), а демократите еден (Лиу). Еден од судиите е Филипино Американец (Кантил-Сакаје), еден Евроазиски Американец (Кенард- татко од Холандија, мајка од Кина), двајца источно Азиски Американци (Лин и Лиу) и три Европко Американски судии (Бакстер, Кориген и Вердегар). Кенард е единствениот судија со видлива физичка неспособност, таа има вештачка нога. Судиите не разговараат јавно за своите религиски ставови и односи. Сите седум судии имаат студентски дипломи од универзитетите во Калифорнија (двајца од Универзитетот во Калифорнија, еден од Државниот Универзитет во Калифорнија и четири од приватни универзитети). Тројца судии своите правни дипломи ги добиле во правно училиште на Универитетот во Синсинати, двајца во правни училиштата во приватните универзитети на Калифорнија и двајца од правни училишта во приватни универзитети надвор од државата.
Помеѓу 1879 година и 1966 година, судот беше поделен на две пороти со три судии, оддел еден и оддел два. Врховниот судија еднакво ги дели случаите помеѓу поротите и исто така одлучува кои случаи ќе ги сослушува судот во судница, но како целина. По Уставниот амандман во 1966 година, судот моментално заседава како целина (сите седуммина заедно) кога се сослушуваат сите жалби. Кога постои слободно место во судот или доколку судија отстапи од дадениот случај,врховниот судија ги назначува судиите од апелационите судови на Калифорнија да му се придружат на судот за поединечни случаи врз основа на менување. Постапката кога сите судии отстапуваат од случај со текот на времето се менувала. За еден случај од 1992 година, врховниот судија побара од судијата кој претседава во областа на апелациониот суд (не оној каде започнал случајот), да назначи други шест судии од апелациониот суд од неговата или нејзината област, па создадоа „глумечки“ врховен суд со цел да се реши тој случај. Секако, во еден неодамнешен случај каде сите членови на судот отстапија кога гувернерот Шварценегер бараше одлука за мандат (Шварценегер против апелациониот суд (Епштејн)), беа избрани седум судии од апелационите судови, но не од иста област, со најстариот кој беше глумечкиот врховен судија и тој глумечки врховен суд на крајот го одби барањето за одлуката за мандат.
Судот има единствена и директна апелативна судка надлежност во сите случаи за смртна казна во Калифорнија, иако го поддржуваше државниот уставен амандман за дозвола да се достават жалби за смртни казни во апелационите судови на Калифорнија. Постои дискретна апелативна судска надлежност во сите случаи кои ги разгледуваат апелационите судови, вторите ги создаде уставниот амандман во 1904 година за да му олесни поголем дел од работата на врховниот суд, за судот да може да се фокусира на справувањето со сериозни жалби, кои вклучуваат значајни проблеми во законот.
Судот е отворен за работа преку цела година (спротивно на некои источни држави во САД, каде е вообичаено да се работи само за време на мандатот само по распоред). Судот сослушува усни аргументи најмалку една недела во месецот, десет месеци секоја година (освен јули и август). Од 1874 година, постојано сослушува усни аргументи секоја година во Сан Франциско (четири месеци), Лос Анџелес (четири месеци) и Сакараменто (два месеци). Преку целата година (вклучувајќи ги јули и август), судиите секоја среда имаат конференции, судот не сослушува усни аргументи, со исклучок на последната недела, посебно во ноември и декември (Денот на Благодарноста и Нова Година). Во понеделник и среда наутро во 10:00 часот на интернет се објавуваат нови мислења. Исто така во истото време достапни се и копирани документи во канцеларијата на секретарот. Судот покрај врховниот суд на САД е еден од ретките судови во САД, кој ја има привилегијата да ги објавува своите мислења во три извештаи со тврд повез. Судскиот известувач за одлуки се договара со приватен издавач, (моментално LexisNexis) за да се објави официјалниот известувач, California Reports, кој сега ја објавува својата четврта серија, бројот на серијата се менува секогаш кога се менува издавачот. West ги објавува одлуките на Калифорнија во California Reporter (втората серија) и Pacific Reporter (трета серија). (Мислењата на апелациониот суд во Њујорк слично се објавуваат во трите известувачи.) Од крајот на 80 години на 20 век, судот ја одбил традиционалната употреба на правни службеници и ги променил во постојано вработени адвокати. Судот има околу 85 вработени адвокати, некои од нив се побрзани со одредени судии, останатите се споделуваат како централен персонал. Предноста на овој систем е тоа што намалениот број на вработени кои ја напуштиле работата (против традиционалниот систем на менувањепреку нови правни службеници секоја година) ја подобри ефикасноста на судот во справувањето со сложени случаи, особено случаи за смртна казна. За време на првата половина на работата, судот се бореше за да може да се справи со галопирачкиот број на случаи и многу често заостануваше, сè додека не се формираа апелационите судови во Калифорнија. Од ова настанаа одредби во Уставот од 1879 година што го присили судот да ги реши сите случаи со пишување на дадената причина (да се ослободи од малите случаи, многу често даваше кратки објаснувања, без споменати причини) и бараше судиите во Калифорнија секој месец да издаваат пишана потврда дека ниту еден проблем кој е поднесен за разгледување нема да стои повеќе од 90 дена или нема пак нема да добијат плата. Во согласност со последните одредби, судот не става на распоред устен аргумент сè додека судиите не ги проучиле упатствата, не ги формулирале нивните позиции за почит и не ги разгледале нацрт мислењата. Потоа, откако проблемот е формално „дебатиран и поднесен“, судиите можат да ги средат и откријат своите мислења пред да дојде крајниот рок од 90 дена. Ова се разликува многу од работата на сите други федеративни и апелациони судови, каде судиите можат да стават на распоред устен аргумент, не многу долго откако ќе се заврши проучувањето, но можат да ги откријат свите мислења една година по завршувањето на усниот аргумент.
Врховниот суд ги надгледува пониските судови преку Судскиот совет на Калифорнија и исто така ја надгледува и адвокатите во Калифорнија преку Државната адвокатска комора на Калифорнија. Со препорки од Државната адвокатска комора се прават сите дозволи и одеземања на адвокатски лиценци, кои подоцна мора да ги ратификува врховниот суд. Адвокатската комора на Калифорнија е најголемата во САД со 210.000 членови, од кои 160.000 се практиканти.
Како што изјави Wall Street Journal во 1972 година: Во последните 20 години, највисокиот суд во државата се здоби со репутацијата на најиновативните државни судии, поставувајќи преседани во областите на кривичното право, граѓански слободи, расна интеграција, и заштита на потрошувачите, кои имаат силно влијание на другите држави и федералните судии. Статистичките анализи кои на барање на судот ги спроведе LexisNexis, покажаа дека одлуките на врховниот суд на Калифорнија се најприфатени од кој било друг врховен суд во САД. Помеѓу 1940 година и 2000 година, судови кои се надвор од држата јасно прифатиле 1.260 одлуки на судот (што значи дека тие судови сметаат дека судот е убедлив и ги примениле во нивните случаи). Во судот за првпат се појавиле или развиле многу важни правни концепти, меѓу кои строга одговорност за неисправни производи, праведна постапка, небрежно нанесување на емоционална болка, палимонија, скриени намери на осигурувањето, неправеден живот и одговорност во пазарно учество. Врховниот суд на Калифорнија и сите пониски државни судови употребуваат стилови на пишување и систем на цитирање, кои се поразлични од оние на федеративните судови и од другите државни судови. Цитатите на Калифорнија ја пишуваат годината помеѓу имињата на странките и споменувањето на известувачот за случајот, спротивно на националните стандарди (Сината книга), каде годината се пишува на крај. На пример познатиот случај Марвин против Марвин, со кој се основаше стандардот за можноста на партнерите кои не се во брак да се тужат поради своите придонеси во партнерството, на начинот на Калифорнија е напишан Marvin v. Marvin (1976) 18 Cal.3d 660 [134 Cal.Rptr. 815, 557 P.2d 106], но на начинот на Сината книга би било Marvin v. Marvin, 18 Cal. 3d 660, 557 P.2d 106, 134 Cal. Rptr. 815 (1976).Стилот на цитирање на Калифорнија отсекогаш бил норма на судските надлежности во вообичаеното право надвор од САД, вклучувајќи ги Англија, Канада и Австралија. Додека судиите во врховниот суд на САД го истакнуваат создавачот на мислењето, кој се придружил и кој го започнал мислењето, судиите на Калифорнија на крајот секогаш се потпишуват како мнозинство, со фразата „НИЕ СЕ СОГЛАСУВАМЕ“ и потоа следуваат имињата на придружните судии. Судиите на Калифорнија според традицијата во своите мислења не треба да употребуваат неграматички термини, што доведе до засрамувачка расправија помеѓу судиите и лекторот на официјалните извештаи на државата. Калифорнија традиционално ја одбегнува употребата на одредени француски и латински фрази, како што се en banc, certiorari и mandamus, па така тие судиите и адвокатите употребуваат „in bank „, review“ и „mandate“. На крај, судот има моќ да „ги поништи“ мислењата на апелационите судови (спротивно на федеративната практика да не сеобјавуваат одредени „необјавени“ мислења во сите извештаи за федеративни случаи). Ова значи дека иако мислењата веќе биле објавени во официјалните државни извештаи, сепак се обврзувачки за странките. Stare decisis не се применува и новите изговорени правила нема да се применат во понатамошните случаи. Слично на тоа, врховниот суд на Калифорнија ја има моќта да „објавува“ мислења, кои на почетокот не биле објавени, преку апелационите судови на Калифорнија.
Судот предал многу важни и влијателни одлуки, а некои од нив се споменати подолу (подредени по датум). Повеќето од нив кои се споменати подолу беа значајни одлуки и се први од тој вид во САД или светот.