Вучидол Viçidol | |
---|---|
Село | |
Координати: 42°23′13″N 20°10′33″E / 42.38694° СГШ; 20.17583° ИГД | |
Држава | Албанија |
Области во Албанија | Кукс |
Окрузи во Албанија | Тропоја |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Вучидол (албански: Viçidoli) — село во округот Тропоја, во областа Кукс, северна Албанија.[1][2] Се наоѓа на 2,4 километри од градот Тропоја и 4,6 километри од границата со Косово.[1]
Името на селото е словенско. Премиерот на Албанија, Сали Бериша изјави дека сака да го промени името на селото, за да звучи албански, и да му даде име кое му претходело на словенското доселување на Балканот, да го „десловенизира“ давајќи му „илирски карактер“. Познато е дека во Албанија има многу топоними и хидроними кои се словенски, и кои беа предмет на промена уште во времето на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа.
a. | Косово е предмет на територијален спор меѓу Република Србија и самопрогласената Република Косово, која прогласи независност на 17 февруари 2008, но Србија продолжува да го смета Косово како дел од својата територија. Независноста на Косово е призната од 99 држави од вкупно 193 земји членки на ООН. |
|publisher=
(help)