0-1 1-3 3-5 5-7 | 7-9 9-11 11-13 13-15 | 15-20 20- Нема податоци |
Галагеровиот индекс ја мери релативната диспропорционалност помеѓу добиените гласови и мандати во законодавниот дом.[1][2] Како таков, ја мери разликата помеѓу процентот на добиените гласови и процентот на добиените мандати, а исто така ја мери и диспропорционалноста од сите партии колективно на кои било дадени избори. На таа колективна диспропорционалност од изборите и се дава прецизна оценка, која потоа може да се искористи за споредување на различни нивоа на пропорционалност меѓу различни избори од различни изборни системи.[3] Галагеровиот индекс е метод за статистичка анализа кој се користи во политичките науки, а особено во псефологијата.
Галагеровиот индекс за македонските парламентарни избори во 2020 изнесува 3.94, каде што 0 би бил совршено пропорционален исход.
Партија | Гласови (%) | Мандати (%) | Разлика | Квадрат на разликата | |
---|---|---|---|---|---|
СДСМ | 35,89% | 38,33% | 2.44 | 5.9536 | |
ВМРО-ДПМНЕ | 34,57% | 36,67% | 2.1 | 4.41 | |
ДУИ | 11,48% | 12,50% | 1.02 | 1.0404 | |
Алијанса за Албанците - Алтернатива | 8,95% | 10,00% | 1.05 | 1.1025 | |
Левица | 4,10% | 1,67% | -2.43 | 5.9049 | |
ДПА | 1,53% | 0,83% | -0.7 | 0.49 | |
Други | 3,48% | 0,00% | -3.48 | 12.1104 | |
Збир на квадратите на разликите | 31.0118 | ||||
Збирот / 2 | 15.5059 | ||||
Квадратен корен од (Збирот / 2): Галагеров индекс | 3.94 |
One tool that has been developed to measure an electoral system's relative disproportionality between votes received and seats allotted in a legislature is the Gallagher Index, which was developed by Michael Gallagher (who appeared before the Committee).