На почетокот од 1840-тите Чарлс Бик составил список од зборови, иако забележал дека „помладите воопшто не го знаат јазикот, а постарите кои велат дека го зборуваат, впрочем воопшто не го владеат“ [4] Волф Леслау ја посетил областа во 1947 г. и по многу труд успеал да најде вкупно четири лица кои сè уште го зборувале јазикот. Во 1960-тите Едвард Улендорф напишал дека јазикот веќе може да се смета за сосема изумрен.[5]