Геодет[1][2] — лице што професионално се занимава со геодезија.
Дејноста на геодетски инженер опфаќа:
определување на големината и обликот на Земјата и собирање и обработка на податоци потребни за одредување на гравитационото поле на Земјата, како и положбата, големината, обликот и површината на кој било нејзин дел;
определување на положбата на Земјата во вселената, определување на нејзината структура, контрола врз нејзините просторни промени и измени на градежни објекти;
утврдување на положбата на државните и другите административни граници, како и јавните и приватните парцели, вклучително и запишувањето на овие парцели кај надлежните управи;
истражување на природната и општествената средина, откривање на податоци за копното и морето, користење на добиените податоци во општинските, градските, окружните и државните општествени и просторни планови за развој;
планирање, развој и ново обликување на сопственичките односи меѓу парцелите на земјиште и градби;
утврдување на вредноста на поединечните парцели и градби и управување со нивните сопственички односи;
планирање, мерење, организација и надзор на градежни работи;
проектирање, воспоставување и управување со географски, картографски и земјишни информациски системи и трајно собирање, складирање, обработка и анализа на податоци во овие системи;
прикажување на информации за просторот во облик на картографски прикази.