Гепо е насловниот лик на италијанската стрип серија создадена од Џован Батиста Карпи.[1]
Гепо е ѓавол со добро срце, а неговиот наивен, срамежлив, сочувствителен карактер создава постојани проблеми со неговиот „шеф“, сатаната.[1][2] Други ликови кои често се појавуваат во серијата се кучето чувар на Сатана, Серберус и антропоморфната змија Салваторе.
Гепо официјално дебитирал во 1955 година во стрип-магазинот Волпето, во приказната „Vita nuova... all'inferno!“ (трад. „Нов живот... во пеколот!“, но раната верзија на Гепо се појавила во декември 1954 година, во стрипот Trottolino e la „Enne“ Dimensione (трад. Тротолино и димензијата „Н“ ), во приказната „Geppo il buon diavolo“ (трад. „Гепо добриот ѓавол“), со поинаков графички дизајн реализиран од Giulio Chierchini.[1][3][4]
Од 1961 година, Гепо станал водечки лик на истоимената серија на стрипови, објавена повеќе од триесет години од страна на Едизиони Бјанкони. Како автори на стрипот наизменично се менувале Пјер Лујџи Сангали, а подоцна и Сандро Доси.[4]