Општина Гида Δήμος Αλεξάνδρειας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Иматија |
Гео. област: | Урумлак |
Население: | 42.701 (2021) |
Седиште: | Гида |
Нас. места: | 38 |
Пошт. бр.: | 593 00 |
Пов. бр.: | 23330-2 |
Портал: | alexandria.gr |
Гида (грчки: Δήμος Αλεξάνδρειας, Димос Александријас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Гида. Општината е дел од округот Иматија.
Општината Гида е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари општини: Гида (Александрија), Антигониди (Антигонидес), Мелик (Мелики) и Плати во областа Урумлак.
Напомена: Називот на „Антигониди“ не се однесува на ниедно постоечко место, туку е даден според македонската династија Антигониди, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија..
Општинската единица Гида го опфаќа градот Гида и 9 села.
Општинската единица Антигониди со седиште во Кавасила опфаќа 8 села:
Општинската единица Мелик со седиште во Мелик опфаќа 8 села и 1 манастир:
На територијата на општинската единица е и денес напуштеното село Свиница (Свинца, Свинче)[2]).
Општинската единица Плати со седиште во Плати опфаќа 11 села:
На територијата на општината Гида се наоѓаат и следниве поранешни села: Ераки (Гераки), Калјани (Алорос), Капсохор (Капсохори), Карија, Катафиги, Маврангели, Нихор (Неохоропуло), Палеохори и Свиница (Сфина).
|
|