Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Глобиш е поедноставен јазик со 1.500 зборови од англискиот вокабулар, чиј идеен творец се еден Индиец и еден Французин.
Доминантен јазик на овој век станува необичниот јазик „глобиш“, кој ја освојува планетата и суверено станува господар во комуникациите и интернетот.
„Глобиш“ е нов начин на комуницирање во богатото семејство од повеќе од 6.800 јазици на кои се зборува на планетата Земја. Тоа е „мешавина“ или на глобишки „мишмеш“ на најчесто користени англиски изрази и зборови во секојдневната комуникација на луѓето, посебно на младите ширум светот.
За новиот „јазик“ опширно пишува англискиот писател и издавач Роберт Мекрум, автор на книгата „Глобиш: Како англискиот јазик станува светски јазик“, но тој не е творец на името на новиот јазик.
Идејата потекна од Индиецот Мадукар Гогате, индискиот публицист и извршен директор на движење во Бомбај за романизација на индискиот јазик. Во 1995 година Гогате за првпат ја употребил кратенката „глобиш“ од „глобален англиски“, со цел со еден збор да го окарактеризира едноставниот јазик, односно фонетиката напишана со латинично писмо запишана фонетика, т.е. изговорот на англиските зборови.
Англискиот јазик по потекло е од Англија, но повеќе не е монопол на Англија, тој е меѓународен јазик распространет во многу земји, повеќе или помалку присутен, насекаде, тврди Гогате.
Кованицата „глобиш“ ја презел и „јазикот“ го разработил Французинот Жан-Пол Неријер. Тој исто така во 1995 пишувал за новата форма на англискиот јазик со вокабулар од околу 1.500 зборови, најмногу употребувани во куси и едноставни реченици, составени од идиоми или претворени во идиоми.
За споредба, во познатиот „Англиски речник Оксфорд“ има 615.000 зборови. Новата форма на разбирање Неријер од почеток не ја сметал за јазик туку како „алатка за комуницирање“ за што опширно пишувал во книгата „Парле Глобиш“.
„Јазикот е возило на културата. Глобиш не сака да биде тоа, туку неговата смисла е во комуникацијата“, нагласил Неријер, кој денес тврди дека тоа „всушност не е англиски“, бидејќи луѓето од изворното англиско говорно подрачје тешко го разбираат како свој јазик, но го разбираат ширум светот, каде „глобишки“ зборуваат околу 90 отсто луѓе.
-Тие кои го поддржуваат „глобиш“ велат дека тоа е „луд англиски“.
- Луѓето ширум светот ќе зборуваат на тој јазик“, уверен е Неријер кој „глобиш“ го заштитил како патент.
„Во 19. век британскиот англиски јазик бил меѓународен јазик, во 20. век тоа беше американскиот англиски. Сега третата фаза - 21. век припаѓа на глобиш“, изјави Мекрум.
Мекрум има само пофални зборови за јазикот „глобиш“. Тој како примери ги наведува слоганите на англиски кои ширум светот се „вртат“ во разни маркетиншки и предизборни кампањи, потоа англиските зборови во имињата на компаниите, производите, музичките групи, дури и на транспарентите кои ги носат демонстранти, со цел на светот да му испратат јасна порака за локалните проблеми. Тука се и латиничните записи за изговорот на англиски зборови на интернет во Кина или во Индија и арапските земји.
Од 1986 година на телевизиите Би-Би-Си и Пи-Би-Си Мекрум работел на серијата „Приказна за англискиот јазик“.
Основата на „приказните за глобиш“ е глобализација на англискиот јазик, новонастаната форма од жив јазик за планетарна употреба, за кое може многу да се прочита на интернет, каде има и курсеви за почетници на „глобиш“.
|