Гловерс Риф (англиски: Glover's Reef) е атол во Белиз кој делумно е потопен под вода. Атолот се наоѓа во близина на јужниот брег на Белиз, на околу 45 километри од копното.[1] Атолот ја создава границата на Белиската гребенска бариера и еден од трите атоли во државата, другите два се Турнефе и Лајтхаус Риф.
Атолот има овална форма и има должина од 32 километри и ширина од 12 километри. Внатрешната лагуна е исполнета со мали карпи.[1] Некои позначајни мали островчиња од кои е составен атолот се Амиунме Ки, Нортист Ки, Лонг Ки, Мидл Ки и Саутвест Ки.
Гловерс Риф е едно од најголемите места со разновиност на гребени во западниот дел на Карибите.[1]
„Гловерс Риф“ на Ризницата ? |
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |