Голем модрикав синец | |
---|---|
![]() | |
Женка | |
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Lycaenidae |
Племе: | Polyommatini |
Род: | Iolana |
Вид: | I. iolas |
Научен назив | |
Iolana iolas Ochsenheimer, 1816 | |
![]() | |
Распространетост на пеперугата. |
Големиот модрикав синец (Iolana iolas) е пеперутка од видот на пеперутки синци. Живее во Северна Африка, Јужна Европа (вклучително и Македонија), Мала Азија и Иран.
Овој вид на пеперуга живее во Северна Африка, Јужна Европа (вклучително и Македонија), Мала Азија и Иран. Распонот на крилјата кај мажјаците е од 18 до 21 мм. Возрасните единки најчесто летаат од мај до јуни. Пеперугата живее на карпести предели на надморска висина до 2000 метри. Ларвите се хранат со растението Colutea arborescens.
Горната страна на крилјата на пеперугите е сина, која кон краевите на крилјата се прелива во црна. Црната бордура е поизразена кај женките, а кај двата пола изразени се и вените на крилјата. Долната страна на крилјата на пеперугите е кремаста која има присуство на црни дамки. Дамките варираат по големина и распоред.[1]
|