Голем сатир | |
---|---|
Женка, страничен поглед | |
Мажјак, страничен поглед | |
Научна класификација | |
Научен назив | |
Satyrus ferula Fabricius, 1793 |
Големиот сатир (Satyrus ferula) е пеперутка од подвидот шаренци. Пеперутката е географски широко распространета, а живее и во Македонија.
Должината на крилјата е од 25 до 30 мм. Овој вид на пеперутки има јасна разлика помеѓу половите, и помеѓу женките има поголема разновидност. Мажјаците се темнокафени на двете страни (горна и долна), додека пак женките се посветли и имаат широки сивкасти ленти на долните делови од крилјата. На долните делови има црни точки со мали бели внатрешности.
Периодот за летање е од јуни до септември и јајцата се полагаат на трева. Ларвите се хранат со Stipa, Festuca, Bromus erectus и Deschampsia caespitosa. (Higgins, Riley, 1982)
Пеперугата се наоѓа во Јужна Европа, Средна Азија и Мароко. Пеперугата сака тревни површини и краишта покрај шуми. Живее на надморска висина од 400 до 1800 метри надморска висина.
|