Горан Буњевчевиќ (роден на 17 февруари 1973 –починал на 28 јуни 2018) бил српски фудбалер кој играл на позицијата како дефанзивец во Србија, Англија и Холандија.
Буњевчевиќ му се приклучил на тимот на Тотенхем Хотспур во мај 2001 година пристигнувајќи од екипата на Црвена Ѕвезда од Белград за пријавена сума од 5 милиони фунти.[1][2] Тој својот прв натпревар во Премиер лигата го одиграл на 18 август против екипата на Астон Вила. Овој натпревар завршил нерешено со резултат од 0:0.[3] Во месец септември во сезоната 2001-2002 Тотенхем играл првенствен натпревар со екипата на Челзи, а Буњевчевиќ се здобил со фрактура на јаболчната коска што го оставила надвор од тимот до месец декември 2001 година.[2][4]
Почнувајќи само во натпреварите од Лига Купот, во текот на сезоната 2004-05 тој ги постигнал своите два единствени гола за клубот (првиот во победата од 6:0 на гостински терен кај тимот на Олдам Атлетик на 22 септември,[5] а вториот во доцното израмнување на 3:3 исто така на гостински терен против екипата Болтон Вондерерс на 29 октомври, и конечната победа од 4:3 во продолженија).[6] Буњевчевиќ бил ослободен од клубот на 26 мај 2006 година по изминати пет години на стадионот Вајт Харт Лејн. Вкупно одиграл 58 натпревари во сите конкуренции.[2]
По заминувањето од Тотенхем, Буњевчевиќ се приклучил на холандскиот тим АДО Ден Хаг. Тој настапувал за клубот една сезона пред да се пензионира.[2]
Буњевчевиќ бил член на екипата на СР Југославија на УЕФА ЕВРО 2000 година, но не се појавил на ниту еден натпревар. За репрезентацијата тој имал вкупно 16 натпревари во периодот помеѓу 1998 и 2003 година.
На почетокот на март 2008 година бил именуван за спортски директор на Црвена ѕвезда од Белград, на местото на Стеван Стојановиќ, кој бил претходно на таа позиција.[7] Буњевчевиќ на таа функција бил додека претседател на клубот бил Топлица Спасојевиќ. На 2 септември 2008 година Буњевчевиќ ја напуштил Црвена ѕвезда од Белград заедно со претседателот на клубот Спасојевиќ.
Бил претседател на клубот Земун вкупно 3 години сѐ до декември 2014 година.
Во мај 2016 година, Буњевчевиќ бил избран во извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија под раководтво на новиот претседател Славиша Кокеза.[8]
Тој станал спортски директор на државна репрезентација на тренери.[9]
Неговиот помлад брат Мирко исто така бил фудбалер.
На 20 мај 2018 година, Буњевчевиќ доживеал аневризма проследена со мозочен удар и морал да биде подложен на итна операција.[10] Додека бил на болничка нега, репрезентацијата на Србија на Светското првенство во фудбал ја победила репрезентацијата на Костарика со резултат од 1:0, а капитенот и единствениот стрелец Александар Коларов му го посветил голот и победата токму на него.[11] На 28 јуни 2018 година, Буњевчевиќ починал на 45-годишна возраст по повеќе од еден месец поминати во кома.[2][12][13]
Репрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
СР Југославија | 1998 година | 1 | 0 |
1999 година | 0 | 0 | |
2000 година | 9 | 0 | |
2001 година | 3 | 0 | |
2002 година | 1 | 0 | |
Србија и Црна Гора | 2003 година | 2 | 0 |
Вкупно | 16 | 0 |