Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
30 ноември 1981 Прилеп, СР Македонија, СФРЈ | ||
Националност | Македонец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | м | 1,90||
Позиција | Среден бек | ||
Прекар | Таста | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Еурофарм Работник | ||
Број | 77 | ||
Младински клубови | |||
1994–2001 | Тутунски Комбинат | ||
Сениорски клубови | |||
2001–2003 2003–2004 2004–2005 2005 2006 2006–2007 2007–2008 2008–2009 2009–2010 2010–2018 2018– |
Тутунски Комбинат Вардар Ватростална Металург Скопје ИБВ Аранда Коста Бланка Мадејра Трелеборг Тинекс Пролет Одорхеи Еурофарм Работник | ||
Репрезентација | |||
Македонија | 25 (55) | ||
Горан Кузманоски (роден на 30 ноември 1981 во Прилеп) — македонски ракометар кој играл за Еурофарм Работник.
Кузманоски е роден во Прилеп и потекнува од спортско семејство. Неговиот татко, Петар Кузманоски – Таста, се смета за еден од најистакнатите прилепски ракометни легенди, кој подоцна бил тренер и претседател на РК Тутунски Комбинат, клуб во кој ѝ двајцата ја започнале својата ракометна кариера.[1] Својот прв договор со Тутунски Комбинат, Горан го потпишал на 17 години.
Кузманоски бил предводник на македонската младинска репрезентација на Европското јуниорско првенство 2002 во Полска, и еден од најзаслужните за освоеното 4. место. Тој бил втор најдобар стрелец на првенството со постигнати 55 голови.[2]
Во сезоната 2003–04, тој потпишал со Вардар Ватростална и со клубот успеал да ја освои двојната круна во македонското првенство, а следната сезона преминал во градскиот соперник Металург. Кузманоски во скопскиот клуб играл една сезона и веќе следната сезона направил трансфер на Исланд, во клубот ИБВ.[3] Тој на Исланд се задржал само една полусезона,[4] и на почетокот на 2006 година се преселил во Шпанија каде редоследно играл за клубовите Аранда и Коста Бланка.[5]
Во сезоната 2007–08, Кузманоски потпишал за португалскиот клуб Мадејра, во кој останал само една сезона. Следната сезона тој се преселил во Шведска, потпишувајќи за Трелеборг. Во летото 2009 година, тој се вратил во Македонија и потпишал за Тинекс Пролет. Таа сезона тој бил најдобар стрелец во македонската супер лига.[6]