Горнотракиска Низина (бугарски: Горнотракийска низина) — голема низина во северниот дел на историската област Тракија. Се наоѓа во јужна Бугарија, помеѓу Средна Гора на север и запад, Родопите, Сакар и Странџа на југ и Црното Море на исток. Ова е плоден земјоделски крај со површина од 16.032 км2 и просечна надморска височина од 168 м. Рамнината е дел од областа Северна Тракија. Климата е умереноконтинентална. Тука е забележана највисоката температура во Бугарија: 45,2 °C во Садово, измерена во 1916 г. Просечните врнежи изнесуваат 550 мм годишно.
Најважни реки Марица и нејзините протки Арда, Тунџа, Стрјама, Тополница и В’ча.
Најголеми градови во низината се Пловдив, Бургас, Стара Загора, Пазарџик, Асеновград, Хасково, Јамбол и Сливен.