Госпоѓицата Фифи

„Госпоѓицата Фифи“ (француски: Mademoiselle Fifi) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан од 1882 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во еден замок во околината на Руан е сместена пруската војска. Времето е лоѓшо, постојано врне, а на офицерите им е здодевно, па тие одлучуваат да донесат група проститутки. Меѓу офицерите се наоѓа и маркгрофот Вилхелм фон Ејрик кого колегите го нарекуваат Госпоѓицата Фифи. Неговата омилена забава е безмилосно да ги уништува вредниет предмети кои останале во замокот. Проститутките пристигнуваат и започнува голема пијанка. Кога пијаните пруски офицери наздравуваат за својата победа при што ги навредуваат Французите, проститутката Рахела со нож го убива офицерот Вилхелм, а потоа успева да побегне низ прозорецот. Пруската војска организира голема потера по неа, но без успех и поради тоа спроведува насилство врз месното население. Утредента, на погребот на офицерот за првпат по подолго време се огласува камбаната на селската црква, а потоа одвреме-навреме, без никаков повод, се слуша ѕвонењето на камбаната. Објаснувањето лежи во тоа што во камбанаријата е скриена Рахела, а за неа се грижи селскиот свештеник. По повлекувањето на пруската војска, свештеникот ја носи Рахела во Руан, каде таа продолжува да работи во борделот. Најпосле, таа запознала некој маж, кој ја засакал и се оженил со неа.[1]

  1. „Госпођица Фифи“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 127-143.