Градски стадион Куманово | |
---|---|
![]() Стадионот во 2022 година | |
Место | Куманово, Македонија |
Координати | 42°08′23″N 21°42′51″E / 42.139833°N 21.714050°E |
Отворен | |
Сопственик | Општина Куманово |
Оператор | Општина Куманово (2019-)[1] |
Подлога | Трева |
Игра | ФК Куманово ФК Куманово 2012 |
Гледачи | 2,000 |
Градски стадион Куманово ― фудбалски стадион во Куманово, Македонија Се користи за фудбалски натпревари и е домашен стадион на ФК Куманово 2012 и на поранешниот ФК Куманово. Има сместивост од 2.000 гледачи. Стадионот е во лоша состојба.[1][2]
На 25 септември 1998 година, Репрезентацијата на Македонија го одиграла својот единствен натпревар на овој стадион. Тој ден Македонија играла против Египет при што натпреварот завршил 2-2 со присутност од 5,500 гледачи. На тој натпревар избрани биле репрезентативците Гоце Седловски, Артим Шаќири, Благоја Милевски, Срѓан Захариевски, Ока Николов, Тони Мицевски, Игор Николовски, Горан Ставревски, Џевџет Шаиновски, Влатко Гошев, Гого Јовчев, Ванчо Трајчов, Кире Грозданов, Ристо Божинов, Горан Станковски, Златко Тодоровски и Влатко Новаков.[3]
Зоран Ѓорѓиевски кој бил кандидат за градоначалник на Општина Куманово, на локалните избори во март 2013 година, заедно со Лазар Поповски кој бил директор на Агенцијата за млади и спорт ветиле преизградба на стадионот доколку гласачите го изберат Ѓорѓиевски, тој не бил избран и не била извршена преизградба.[4]
Во октомври 2019 година, Градскиот стадион и неколку други спортски зданија биле дадени под владение на Општина Куманово откако Јавното претпријатие за стопанисување на спортски објекти им ги одзело дозволите на тогашните тековни приватни стопанисувачи.[1]
Датум и време | Натпреварување | Противник | Резултат | Гледачи | Наводи |
---|---|---|---|---|---|
Македонија | |||||
29 септември 1998 |
Пријателски | ![]() |
2–2 | 5.500 | [3][1] |
|