Грешница | |
Координати 41°34′29″N 20°55′53″E / 41.57472°N 20.93139°E | |
Општина | ![]() |
Население | 789 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12014, 12514 |
Надм. вис. | 709 м |
![]() |
Грешница — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Селото Грешница се наоѓа во регионот на Горно Кичево, поточно на источните слапови на Бистра.
Во XIX век селото било дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Грешница живееле 350 жители, сите Албанци.[2]
Од другата страна пак, во записите на Афанасиј Селишчев, руски филолог, селото било од мешан етнички карактер.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото има население од 1.480 жители, од кои 1.475 Албанци, 2 Македонци и 3 други.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 789 жители, од кои 764 Албанци, 1 Влав и 24 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | 80 | 666 | 700 | 813 | 999 | 1.174 | 0 | 1.355 | 1.480 | 789 |
Грешница е албанско село.
Родови во селото се:
Во Мучовско маало се родовите Мучај (10 к.), Хасанај (11 к.), Љаталар (5 к.) и Алибашај (3 к.) - во Даљовско маало е родот Хасанај (40 к.) - во маалото Душка се родовите Душкај (15 к.) и Суљ демај (4 к.) потекнуваат од двајца браќа - во Горно маало се родовите Думај (10 к.), Хасанај (10 к.) и Миналар (5 к.). Сите родови се доселени од селото Зајас, со исклучок на родот Миналар кој е доселен од Лешница. На сите родови подалечно потекло им е од областа Матија во северна Албанија. Најброен род бил Хасанај (61 к.) они во Зајас живееле во Теќе маало, каде и сега имаат роднини. Нивни роднини преселени од Зајас има и во Длапкин Дол (7 к.) и Кичево (4 к.).[11]
Во селото постојат избирачките места бр. 828 и 828/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни место биле запишани вкупно 1.378 гласачи.[13]