Гриз

Гриз е производ кој се добива со мелење на пченица од средниот дел на зрното. Го карактеризираат со благо жолта боја, изедначена гранулација и голема моќ на впивање. Производот е природен, без додатоци на адитиви и конзерванси. Се користи за исхрана на деца и возрасни. Пченичниот гриз се употребува како основа или додаток на солени и слатки јадења. Пченичниот гриз е еден од најдобрите извори на белковини, богат со есенцијални минарали и витамини, како и прехранбени влакна, а нивото на масти е многу ниско.[1]

При мелењето на брашното, ваљаците се прилагодени така што просторот меѓу нив е малку потесен од самото зрно. Во текот на просејувањето, скробот се одделува и така настанува гризот. Гризот потоа се меле во брашно.

Гризот од тврда пченица има жолта боја. Тој е обично основа за производство на јадења како на пример кускус. Ако брашното било направено од помека пченица (Triticum aestivum, Triticum spelta) тогаш има бела боја. Во тој случај правилниот збор е брашно, а не гриз.

Во Германија, Австрија, во панонските и балканските земји гризот често се меша со јајца како додаток на супите и чорбите, а може и да биде подготвен со вода или млеко па засладен и евентуално прелиен со чоколадо. Така подготвен се служи како појадок.

Кога е зготвен, гризот се претвора во мека каша. Како таков, популарен е во северозападна Европа и Северна Америка како десерт, каде што се приготвува со млеко и шеќер, под името гриз-пудинг, послужен со мармалад. Во Шведска, Естонија, Финска, Литванија, Летонија, Полска и Русија се јаде како каша за појадок, понекогаш помешана со суво грозје и послужена со млеко. На Блискиот Исток од гриз се прават десерти.

Во јужна Индија, се користи гризот меѓу другото за поховање на риби. Од гризот се прави и десерт наречен алва, направен од препечен гриз со шеќер и други состојќи.

Во некои култури гризот се послужува на закоп.

Освен пченица, гризот може да е и направен од ориз.[1]

  1. 1,0 1,1 Pirinčani i pšenični griz - Flory Архивирано на 10 февруари 2015 г. Proizvodi :: Flory