Дабјани | |
![]() Остатоци од Дабјани | |
Координати 41°25′37″N 21°22′00″E / 41.42694°N 21.36667°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Прилепско Поле |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7537 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20027 |
Надм. вис. | 605 м |
![]() |
Дабјани — раселено село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. На местото на коешто се наоѓало селото денес се среќаваат само остатоци.
Дабјани се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 605 м. Неговиот атар зафаќа површина од 4,5 км2.[2]
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дабјани е село со 19 домаќинства и 87 жители Македонци.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дабјани имало 130 жители Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Дабјани е село со 56 жители Македонци.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дабени се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 11 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 25 до 50 Македонци.[8]
Селото е целосно раселено по 1953 година, кога броело само 11 жители, Македонци.[9]
Според пописот од 2002 година, во селото Дабјани немало жители.[10] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130 | 56 | 11 | 6 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.