Давид и Урија

Давид и Урија
Творец Рембрант ван Рајн
Година околу 1665
Димензии 127 см × 116 см
Место Ермитаж, Санкт Петербург

Давид и Урија — доцна слика на Рембрант, датирана околу 1665 година од страна на Музејот Ермитаж (каде сега виси[1]) или околу 1666-1669 година на изложбата Доцниот Рембрант во Државниот музеј во 2015 година. Таа го покажува моментот кога Давид го испраќа Урија Хетитски на борбената линија на војната против Амонците, така што Давид може да спие со сопругата на Урија, Вирсавија.[2] Урија се идентификува како фигура во преден план, а во позадина се Давид и Натан. Првпат овој наслов го добил од Абрахам Бредиус во неговиот каталог за делата на Рембрант - ова е поддржано од неколку други научници од 1950 година наваму, вклучително и во студијата на Медлин Кар од 1965 година.[3]

Делото е исто така идентификувано како „Хаман ја препознава својата судбина„ по Хаман од Книгата за Естер - влегла во руската империјална збирка во 1773 година под тој наслов сè уште виси во Ермитаж.[4][5]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Ликовите прикажани во сликата:

  1. Catalogue page - Hermitage
  2. (холандски) Melissa Ricketts: Rembrandt. Meester van licht en schaduw, Rebo, 2006, blz. 121. ISBN 9039619239
  3. Web Gallery of Art entry
  4. Madlyn Kahr: A Rembrandt Problem: Haman or Uriah? Journal of the Warburg and Courtauld Institutes. Том 28, 1965, стр. 258-273
  5. Analyse in John Caroll: De teloorgang van de westerse cultuur. Een andere kijk op 500 jaar humanisme