Меклеј на Курне-Брисел-Курне 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Даниел Меклеј | ||
Роден | 3 јануари 1992 Велингтон, Нов Зеланд | ||
Висина | 1,87 м | ||
Маса | 74 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Фортунео-Самсик | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Аматерски клубови | |||
2008 2009 2011-2014 | Лестершир Роуд Клуб Univega.co.uk Омега Фарма-Лото Даво | ||
Професионални клубови | |||
2015–2017 2018–2019 2020- | Бретањ-Сеше анвиронман ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак Аркеа-Самсик | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 29 ноември 2022 |
Даниел „Ден“ Меклеј (англиски: Daniel "Dan" McLay; р. 3 јануари 1992) — британски професионален велосипедист, кој настапува во друмски, велодромски и велокрос трки и кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.[1]
Негова прва сезона како професионалец била 2015, кога возел за француската професионална континентална екипа Бретањ-Сеше анвиронман. Главно како спринтер, Меклеј настапува на фламанските трки и северните класици. Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016.[2]
Роден во Велингтон, Нов Зеланд, Меклеј бил преселен во Велика Британија како бебе и израснал во Лестер. Меклеј започнал со трки на возраст од шест години. По неговиот успех како возач до 16 години на националното велодромско првенство ја претставувал Велика Британија на Европскиот младински олимписки фестивал 2007,[3] настапувајќи на критериумот и на друмските дисциплини.[4] Изјавил[5] дека не бил многу добар во спортови кои барале координација на училиште и поради тоа имал желба да продолжи да настапува во велосипедизмот.
Меклеј бил одбран да ја претставува Британија на Европското јуниорско велокрос првенство во 2008 година, каде завршил последен.[6]
Во 2009 година, Меклеј станал член на олимписката академија на Британската федерација.[7] Меклеј го освоил бронзениот медал во медисон на Европското велодромско првенство со партнерот Сем Харисон. Исто така ја претставувал Велика Британија на Светското јуниорско велокрос првенство.[8]
Во 2010 година станал светски јуниорски првак во медисон со Сајмон Јејтс.[9]
Во 2014 година освоил етапа на Тур де л’Авенир. Исто така завршил седми на етапа на Трката околу Британија, покажувајќи силна форма помеѓу останатите спринтери.
Потпишал за професионалната континентална екипа Бретањ-Сеше анвиронман за сезоната 2015.[10] Својата прва професионална победа ја остварил на третата етапа на Ла Тропикал Амиса Бонго.[11] На првата трка во Светската турнеја во својата кариера, Париз-Ница, Меклеј завршил осми на петтата етапа.[12]
Негова втора професионална победа била на Гран При де Денен 2016, француска трка, победувајќи во спринтерска завршница.[13] Негова втора победа дошла еден месец подоцна на Гран При де ла Сом, поразувајќи го Насер Бухани.[14] Поради овие две победи, Меклеј бил избран да земе учество на Тур де Франс, негов прв настап, и завршил меѓу првите 10 на неговата прва спринтерска завршница.[15] По уште две завршница меѓу првите 10, Меклеј завршил на подиум на шестата етапа зад Марк Кевендиш и Марсел Кител.[16]
Во октомври 2017 година, Меклеј ја освоил Тур де л’Еурометропол, поразувајќи го Антони Тиржис на целта откако Тиржис ја отпочнал прославата прерано.[17]
По победата на Тур де л’Еурометропол било објавено дека Меклеј ќе се приклучи на екипата ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак за сезоната 2018.[18]
Голема трка | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | не настапил во текот на неговата кариера | |||||
Тур | 170 | СО | — | — | — | СО |
Вуелта | не настапил во текот на неговата кариера |
СО = се откажал; — = не учествувал
„Даниел Меклеј“ на Ризницата ? |