Данило Коцевски (23 април 1947, Куманово - 13 септември 2020)[1] — македонски книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во весникот „Млад борец“ и Македонската радио-телевизија. Бил главен уредник на списанието „Разгледи“ - Скопје. Членувал е на Друштвото на независните писатели на Македонија и во Македонскиот ПЕН центар. Познат е како хроничар на градот Скопје поради своите статии објавувани во „Нова Македонија“ и емисиите на Македонската телевизија. Бил директор на Струшките вечери на поезијата.
Одделни текстови му се објавени на англиски, француски, руски, романски и португалски.
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]
Оваа статија македонски писател е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|