Данската филозофија има долга традиција како дел од западната филозофија.[1]
Можеби највлијателниот дански филозоф бил Серен Кјеркегор, творец на христијанскиот егзистенцијализам, кој го инспирирал филозофското движење на егзистенцијализмот. Кјеркегор имал неколку дански следбеници, вклучувајќи го и Харалд Хефдинг, кој подоцна во својот живот се приклучил кон движењето на позитивизмот. Меѓу другите следбеници на Кјеркегор биле Жан Пол Сартр кој бил импресиониран од гледиштата на Кјеркегор за поединецот и Роло Меј, кој помогнал да се создаде хуманистичка психологија. Данската филозофија исто така била под силно влијание на францускиот херменевтички филозоф Пол Рикер.[2]